Kнига на месецот

Збогум, сеништа

од

Маж ми ме допре по грбот со љубовта каква што ни беше тогаш, уморна љубов, сочинета од никогаш преинтимни раце што го милуваа стомакот на висина на папокот, очајни раце зграбени за работ на маичката, за ластикот од долната облека, љубов што ретко преминуваше во нешто друго и одеше понатаму, вртејќи се статично во нежноста и делејќи се самата од себе надве, повлекувајќи се по куса заблуда, по која пак станувавме две сосем одвоени битија.

Болка во џебот

од

Чашата од маргарита скриена во џебот на јакната се крши. Се фаќам на местото каде што ме удираат и стојам превиткан. Две раце ме фаќаат за косата и ми ја држат главата наведната. Сега очекувам уште една клоца во стомакот.

Бизарни раскази

од

Се викам Вилјам Дејвисон, Шкотланѓанец сум и потекнувам од Абердин, но многу време поминав во Франција, каде што мојата кариера беше овенчана со позицијата на кралски ботаничар и каде што ги објавив своите дела. Речиси никој во Полска не ги знаеше, но ме ценеа затоа што тука заслепено се ценат дојденците од Франција.

Гранд хотел Европа

од

Исклучиво европска тенденција е да се сака минатото над сѐ. Во Европа не можете да постоите без минатото. На други места во светот не е така. Нашата доминантна фиксација за минатото не ја препознаваат во Америка, Африка, Азија и Австралија. Кога каубоите и пионерите ја создавале Америка, немале никаква потреба да го поврзат нивниот идентитет со некаква самоизмислена антика и средновековие.

Тишини

од

Требаше ова да го проживеам сам, без никого. Тоа беше чувство на стишена запрепастеност, која не е ништо одредено. А баш таа неодредена тежина, на која не можам да ѝ ги фатам корените, ни да ѝ ги согледам длабочината и насоката, темната закана на која разумот не ѝ може ништо, се наднесуваше над мене непознатиот ужас, потежок од секое определено страдање. Потполна, конечна самотија, залудност на сѐ што би можел да направам, неизбежност на нешто што ќе наиде, а не наидува.

Педесет цигари за Елена

од

Тој петнаесетти мај илјада деветстотини шеесет и петтата година мајка му во околу три наутро ја разбудиле болки во крстовите. Татко му неволно ја одвел во болница. Се надевал дека ќе може да отспие уште неколку часа, па ја прашал како може да биде сигурна дека тоа се породилни трудови кога никогаш претходно не родила. Така барем му кажа мајка му кога прераскажуваше што се случувало во таа ноќ.

Под двете сонца

од

Салутираше превртувајќи ги очите. Отпоздрави на ист начин. Јозеф цвилеше со подвиткана опашка, душкајќи ја драмата. Од јужното небо растеа кумулонимбуси, а Бранимир Бато Лончар трчаше низ скалите што се губеа во лаворот и драките, објаснувајќи си себеси дека Холанѓаните, Белгијците, Французите, исто така, се луѓе.

Часовничарот

од

Луѓето умираат во бранови, на почетокот на годишните времиња, во пролет е најлошо, тогаш умираат најмногу луѓе… всушност е страшно да се умре во пролет, тоа е најлошото годишно време за умирање, од март до јуни, кога сè околу нас се раѓа, пролетниот смртен бран е најлош, вели Бранислав.