Расказ

Ермис и земјотресот

од

Не ми преостана друго освен да се вратам кон црно-белите типки и почнам да импровизирам, додека во главата ми се превртуваа секакви мисли. И тогаш, од близу се јави некој глас, чиј глас не можев да знам, до клавирот стоеше момчак, дваесетгодишник, ми рече: – Добро отсвирено.

Писмо за другарството

од

Љубовта, почитта и разбирањето се работи кои не може да се купат, тие се стекнуваат со сериозност и благодарност кон подобрите и поискусните личности. Таквиот наш пристап е наградуван со почитување на добрите вредности, на вистинските вредности.

Записи од корона-окупацијата

од

Мало ѓезве, таман за едно кафе, имаше обичај да каже дедо ми Санде, кога наутро, од крајот на мај па до почетокот на октомври, со послужавник ќе ги донесеше на терасата филџанот и ѓезвенцето со штотуку зовриеното кафе. Филџанот беше од оние старинските, порцелански со извиена, грацилна дршка и со насликан мотив на рози и ист таков на тацната.

Кон Сеќавања на Конески: Спомен-куќата во Небрегово во 2005 година

од

Во повеќето свои лирски и прозни записи, Конески на нему својствен начин, го овековечува своето родно место, опевајќи или опишувајќи настани, објекти и личности од неговото милје и на тој начин го сместува во поновата јавна и книжевна историја на нашиот народ.

Црвено и зелено

од

Се чекавме пред излезот од метро станицата. Кога дојдоа сите, тргнавме долж главната улица и после стотина метри свртевме во мала уличка. Потоа свртевме во друга уличка и веднаш се виде натписот ”Пицата на Сем”. Под него имаше влезна врата, до неа имаше голем цилиндричен пепелник, а до него стоеше Сем и пушеше.

Господе, дај ми љубов / Црковниот отец / Лебот насушен / Благодатен оган

од

Поради пандемијата верниците влегуваа во црквите во мал број. Се собираа двајца по двајца за причест додека другите чекаа надвор. Градот личеше како во апокалипсата – празен пустош.

Крвав наслов / Сакам тостер / Орхидеја во карантин

од

„Здраво“, ми вели пивото, „Ќе ме испиеш?“ „Да.“ „Но јас сакам да си играме“, ми вели. „Сеедно“, му одговарам и го испивам на екс. Вадам ново пиво. Истата приказна. Доаѓа точката и ме прашува дали може и таа да добие едно. Секако. Доаѓа завесата: истото прашање. Да. Доаѓа листот хартија: сака ракија. Нема проблем.

Црвено и зелено

од

„Ова е амајлија од баба ми. Ми ја даде пред да умре. Знаеш, таа беше по потекло домородка. Нејзиното племе, Пујума, се занимавало многу со магија. Дедото нејзин бил врач и пред да умре и ја дал оваа амајлија на баба ми и и рекол дека има магична моќ на носење среќа.“