Расказ

ПРДИКОКОС – СЕКВЕНЦИ

By

Спуштете го фитилот – се потсеќа на реченицата што ја користеше дедо му кога во кујната на семејната куќа во Мара Јосифовска бр. 6 ќе се скараа нана и тета. Но во меѓувреме велосипедистот удира силен бокс по вилицата на возачот, по што овој паѓа како покосен, а темните очила му се отркалаа по тротоарот.

Вибрации

By

Млади лица, тинејџери – насмеани, ведри и во младоста опиени. Смеа околу нив кружи, задоволни позитивни вибрации се шират и невино опкружувањето го игнорираат. Нема друг свет освен нивниот, друг универзум со друга реалност. Со друштвената игра и пијалокот, свртени со друг поглед кон светот.

МКЦ

By

Сите бевме панкери во душа. Да се истепаме за нашето, да правиме неред и бука зашто така ни одговара, да не почитуваме ништо што не сакаме, а тоа што го сакаме да го браниме до крв пуштање.

Од романот „Синовите на Адам“ (Восток, 2022)

By

Можеби немам ништо свое на светот, ама мене сосема малку ми е потребно за да бидам среќен. Како растение на кое сѐ што е премногу ќе му наштети, и премногу сонце, и премногу вода, мене ми е потребно сосема малку, само малку љубов, една топла прегратка, и малку разбирање од воспитувачот, дека ова што го правам и не е толкав грев како што му се прикажува нему во неговиот свет.

Последните 10 години од XX век

By

ОБСЕ остана неостварена желба, со слики испроектирани во главава од мене по терен како преведувам од кој јазик сакаш: македонски, српски, хрватски, англиски, а за бугарски и словенечки ќе се снајдам. Ништо. Ќе сум погинела од случаен куршум или ќе си оделе по кризата и ќе сум останела без работа. А бе уште се тука. Друг век фати. И кола ќе купев и стан и викендичка на море веќе. Кај прекинува криза тука, глупави. Глупави.

За четирите македонски книжевни моќници

By

Интересно е дека со Јаневски и Конески се запознав патувајќи. Буквално. Со Конески во автомобил, на пат кон Куманово, каде се одржа промоција на стихозбирката „Црква“ (имав чест да бидам еден од промоторите), потоа вечера и враќање назад, со истиот автомобил, кон Скопје.

WATASHI NO FUKAI KEII, SENSEI

By

Триесетина години помлад од Тезука, Наоки Урасава почнал да црта манги како дете, а првите му се поврзани со спорт, теми џудо, тенис… Гради реалистичен стил на којшто најмногу му одговара жанрот на психолошкиот трилер. Неговиот opera prima, „Монструм“ е токму од таков карактер.