Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Васко Талевски
Роден во 1991 година во Сомбор, Р Србија. Во 2013 година дипломирал за професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, а во 2014 година и како преведувач и толкувач од англиски на македонски и обратно. Работел како писател во НВО „МладиИнфо“ и како уредник на книжевното списание „Ш“ во склоп на студентското списание „Излез“. Работи и како професор по англиски јазик и книжевност и како хонорарен преведувач и толкувач
Овој труд ги анализира митските паралели во Улис преку ликовите од овие две дела со помош на концептот за мит на Мелетински, според кој митските паралели се користат за да го „структурираат описот на современиот живот и внатрешните мисли“