Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Светослав Минков
Светослав Минков е роден 1902 година во Бугарија, во воено семејство. Високото образование го завршил во Софија, а сестра му Теодора го внела во бугарските книжевни кругови во дваесеттиот век. Минков бил познат по ексцентричниот карактер и пател од бизарни и параноидни фобии, од силни опсесивни мисли и од чести кошмари.
Светослав Минков се смета за пионер на бугарската научна фантастика. Неговата фигура е единствена во бугарската книжевност и тој нема следбеници. Неговиот талент и стил биле изолирани од локалните книжевни тенденции во дваесеттите и триесететтите години од минатиот век. Своите идеи Минков ги изразува живописно со помош на пародија, дијабола, сарказам и апсурд.
Извесно време набљудувам една необична појава. Некои од луѓето што ги среќавам, и тоа претежно оние од општествениот крем, немаат никаков мозок во главата.