Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Саша Станишиќ
Саша Станишиќ (1978) е босанско-германски писател. Роден е во Вишеград oд мајка Бошњачка и татко Србин. Во 1992 година пребегнуваат во Германија. Студирал славистички студии во Хајделберг. Со првата книга дебитира во 2006 година. Добитник е на голем број награди и преведен е на триесетина јазици. За „Потекло“ ја добива најзначајната книжевна награда во Германија, што од него прави книжевна ѕвезда.
На Службата за странци ѝ напишав: вероисповед: немам. Јас, такаречи, израснав меѓу пагани. Напишав дека дедо ми Перо црквата ја нарекуваше најголемиот човеков грев откако црквата ги пронашла гревовите.