Анализа на сцена од „Буре барут“

By

Гледајќи ја претставата „Буре барут“ поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје од режисерот Сашо Миленковски во 2016, а имајќи предвид дека првично ја режирал во 1995, можеме да заклучиме дека проблемите кои биле актуелни во 90-тите години на XX век се подеднакво актуелни и денес. Дејствата кои се обработени во драмата (во 1995) се последица од политичките ситуации кои се случувале во 90-тите, по распадот на тогашниот систем.