Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Наџван Дарвиш
Наџван Дарвиш е роден во 1978 година во Еруса¬лим, Палестина. Неговата прва збирка поезија e објаве¬на во 2000 година и оттогаш неговата поезија е преве¬дена и објавена на повеќе од дваесет јазици. Неговата книга „Нема што повеќе да се изгуби“ (New York Review Books) е номинирана за неколку награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар превод и е избрана од страна на „Нешнал паблик радио“ како една од најдобрите книги за 2014 година во САД. Светски признаен, Наџван Дарвиш се смета за еден од најважните арапски поети на сегашноста.
Оваа книга копка и разбранува, растажува но и ја враќа надежта во свет на почитување и разбирање. Овие стихови на поетска врата ја враќаат исконската потреба на човековата душа од разум, мир, продлабоченост и рафинираност.