Тишини

By

Требаше ова да го проживеам сам, без никого. Тоа беше чувство на стишена запрепастеност, која не е ништо одредено. А баш таа неодредена тежина, на која не можам да ѝ ги фатам корените, ни да ѝ ги согледам длабочината и насоката, темната закана на која разумот не ѝ може ништо, се наднесуваше над мене непознатиот ужас, потежок од секое определено страдање. Потполна, конечна самотија, залудност на сѐ што би можел да направам, неизбежност на нешто што ќе наиде, а не наидува.

Остров

By

Негови се: мрежата, чамецот, рибите, говорите, тагата и бесот, талкањето по островот. Нејзини се: готвењето, чистењето, цвеќињата, кокошките, клавирот за кој сонува, трпението и тивкото сеќавање. Тој ги мрази своите риби, и вели: Утре ќе јадеме кокошка за ручек. Таа е поразумна, вели: Поарно риба.