Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Катарина Винклер
Катарина Винклер (1979) е австриска писателка и актерка. Дипломирала
германистика, театар и музика на Универзитетот во Виена, а потоа се
запишала и на студии по актерска игра на Конзерваториумот „Брукнер“
во Линц. Дебитирала на книжевната сцена во 2016 година со романот
„Модар накит“. Моментално живее и работи во Берлин.
Модриот накит на жените носи своерачен потпис од мажите. Алатот е
дрво или железо, а бројот на ударите ја одредува нивната модра нијанса. Модрите жени ја
носат бојата небесно.