Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Јуси Адлер-Олсен
Јуси Адлер-Олсен (1950) е еден од најпопуларните и најчитани дански писатели. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Неговите романи се објавени на 40 јазици и станале бестселери во многу земји. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации.
Една од најголемите писателски ѕвезди на Евопа ќе ја посети Македонија на Фестивалот „Букстар“ на 3 ноември. Затоа неговата книга „Жената во кафезот“ е книга на месецот октомври!