
Кон „Spectator“ од Жарко Кујунџиски
Кујунџиски успева да напише дело што гo предвестува верижниот пренос на спроводливост, нешто досега невидено и физички недокажано, барем на македонската литературна сцена. Верижниот пренос е сличен на далeковод и електричен столб, ја трансформира енергијата и ја разложува, насочувајќи ја исправно до клучното место.