Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Гузел Јахина
Гузел Јахина (1977) e руска авторка и сценаристка. Родена е во Казањ. Роден говорител е на
татарски, а руски јазик научила на училиште. Студирала на Катедрата за странски јазици на
Татарскиот државен универзитет за хуманистички науки. Подоцна се преселила во Москва. Во
2015 година дипломирала на Московската школа за филм на отсекот сценарио. Работела во
областа на односи со јавноста и маркетинг. Својата писателска кариера ја започнува објавувајќи во
книжевни списанија.
Секое утро, уште при светлината од ѕвездите, Бах се будеше и, лежејќи под јорганот наполнет со гускини пердуви, го слушаше светот. Го смируваа тивките и нескладни звуци на туѓиот живот што течеше некаде околу него и над него.