Кон „Физика на тагата“ од Георги Господинов

By

Авторот во еден миг станува тоа што цел живот и бил – купувач на приказни, купувач на таги: „Да го имам детството на сите, од кои купував, да ги поседувам жените и нивната тага. Да ги собирам во кутијата на Ное, во оној подрум.“ или „Писателите никогаш не се невини. Крадливи се како страчки.“

Кон „Расипаниот часовник“ од Ѓорѓи Крстевски

By

Во јужнословенскиот фолклор, рамноправно е присутна и претставата за самовилите како демони на природата (водени или шумски духови). Во прилог на тоа говори и верувањето дека самовилите настануваат од росата или израснуваат од билките. Се верува и дека особено се опасни самовилите кои се наоѓаат покрај извор.

Кон „Заклученото тело на Лу“ од Оливера Ќорвезироска

By

Лу Саломе сакала и успеала да пишува за својот живот од позиција на слободна жена. Таа е совршено надарена за туѓите творештва, а сопственото го користи како медикамент при одредена емоционална состојба. Саломе не е редок автор, ами е ретка жена: пишува за да се лекува себеси.

Кон „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов

By

Контрастот село-град е прикажан и со нејзиното одење во Скопје со воз. А до неа седи ‘културата’, младич, панкер кој се разлкува премногу од неа прикажувајќи ја изопачената слика на градскиот живот. Ако Скопје е културата, селото е натурата…

Кон „Врба“ на Милчо Манчевски

By

Обидите да се прогони злото и неротката да роди се гледаат во верувањето да се прават одредени магиски обредни ритуали. Интересен е фактот на испреплетување на паганските обичаи со христијанското верување. Во еден момент Донка се моли пред иконата од Богородица, а веќе во друга сцена таа и Милан врзуваат конци и го гребат каменот во чии магиски моќи се верувало, а и сè уште има луѓе кои веруваат.

Кон „Гробница за Борис Давидовиќ“ од Данило Киш

By

Расказите проткајуваат заеднички модел на нарација: нараторот е резервиран за почетокот и средината на расказот, за на крајот книжевната нарација да биде поставена како историска подлога, поткрепена од извештаи и документација
и еден вид пост фестум за животот на ликовите.

Рецензија за „18 % сиво“ од Захари Карабашлиев

By

Може многу да се зборува за просторите во кои престојува, мали хотелски соби како одаи за душата. Одаи во кои, наместо да одмори и да го пронајде својот пат, таа уште толку разбеснува и разгорува со пламенот на минатото.