Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Билјана Ѓонеска
Билјана Ѓонеска работи како истражувач во Македонската академија на науката и уметностите во област на когнитивните и социјалните невронауки. Додипломските студии за човековото тело (при Медицинскиот факултет во Скопје) ги дополнувала со лирски истражувања за сопствена душа (како уредник на рубрика во списанието "Студентски збор"). Докторските студии за човековиот ум (при универзитетот Сапиенца во Рим) ги комплетира со стиховни записи за срце (преку спорадични објави во "Vox Medici" и "Мој Клуб"). Како резултат на оваа подвоеност, нејзиниот збор секогаш се обидува да ја измине најкусата дистанца меѓу когнитивното и емотивното, а нејзиниот стих е постојано впрегнат во алитерации, анафори, анаграми и слични поетско-математички игри.
Добитник е на трета награда за краток расказ на списанието "Студентски збор".
Нејзини творби можат да се најдат на личната страна www.evermind.me
КОН “ЛЕПА АНГЕЛИНА” НА БЛАГОЈА РИСТЕСКИ ПЛАТНАР
ЛИКОТ НА БОЛЕН ДОЈЧИН КАКО ПОЕТСКА СУБЛИМАЦИЈА
ЗА КЛИНИЧКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА НА НАРЦИСТИЧНО РАСТРОЈСТВО НА ЛИЧНОСТА