Посета / Ветришта

ПОСЕТА

 

Излегувам да и се восхитам на онаа глетка

Чии искри го потпалуваат

Стариот огин во моето срце.

 

Тебе, никогаш нема да те заборавам

Без оглед на сите големи

Искушенија кои го снајдоа мојот животен пат.

 

Кога птиците тргнуваат 

На далечна селидба

Прво што прават е собир во Твоја чест.

 

Човекот покажува дека е само човек

Кога ќе го прекрши ветувањето

Сè другото, е само обид – да се истрае.

 

ВЕТРИШТА

 

Постанувам незабележлив во едно

Студено утро, 

Неколку облачиња над мојот видик

И желба да патувам

Која преминува во порок на живеењето.

 

Есенски љубичици! О колку посебен

Го прават овој двор.

И да е најстара онаа куќа

Љубичиците со нивниот раскош

Нешто друго раскажуваат.

 

Ги чувстуваме ветриштата

Кои носат многу размислувања

Нескротливи луњи во срцата ни дивеат…

 

Од час во час, го бараме мирот

А од немир сме опиени

Отворени врати, прозорци, отворени мисли

Отворени срца! Еј луѓе! 

Ветришта има, зарем не ги гледате?