#1 За изгубената генерација (или тешките времиња раѓаат силни луѓе)

Всушност во најголем дел се работи за потаен превез на љубомора, на едноставна и донекаде симпатична жал за младоста, додека следните генерации ги шират аглите на непознатото и новото. Но да не задираме во психолошки и фројдовски интерпетации, еден извадок сепак може да послужи како доказ за мувлосаноста на дискурсот.

#1 За изгубената генерација (или тешките времиња раѓаат силни луѓе)

Да почнеме со малку тривијалност, прикладна за секоја генерација: 

Овие млади денес… какви генерации дојдоа… на времето не беше вака…

Овој банален, стереотипен испрдок од наратив присутен во говорот на голем дел од (најчесто) повозрасните луѓе, овде и секаде во светот, во себе содржи не само предрасуда туку во голема мера има за цел потценување на следната генерација. Покрај неоснованото морализирање и плиткото воспитно – образовно неповикано менторство, има и силен внатрешен порив кој го унифицира однесувањето како по (pattern) скица и како темпларска светиња се пренесува од генерација на генерација. 

Бљак.

Всушност во најголем дел се работи за потаен превез на љубомора, на едноставна и донекаде симпатична жал за младоста, додека следните генерации ги шират аглите на непознатото и новото. Но да не задираме во психолошки и фројдовски интерпетации, еден извадок сепак може да послужи како доказ за мувлосаноста на дискурсот:

Младината веќе не сака ништо да учи, науката е во декаденција, светот чекори главечки, слепци водат други слепци и ги туркаат во бездните, птиците сакаат да полетаат пред да научат да летаат… Рахила е похотна, Катон оди по борделите, Лукретиј се престорил во женско. Сè е скршнато од патот.” 

Текстот не е од 21 век, не е ни од оние пристојни морализатори со скриена претплата на Pornhub premium. Не е ни за дарк-блогери, антиглобалисти, теоретичари на заговор и други хистерични ликови кои одбиваат да одат на терапија.

Текстот е извадок од „Името на Розата“ на генијалниот медиавелист Умберто Еко, поврзани со мемоарите на Адсон за настани кои ги опишува помеѓу 1322 и 1327 година.

Тезата се повторува како fucking perpetuum mobile! Со векови!!!

Чехов во своите мемоари има напишано: „Турчинот копа бунар да си ја избави душата. Би било добро секој од нас да ископа по еден бунар / училиште / храм.“ Во основа треба да копаме бунари за идните генерации, а не да ги  пополнуваме претходните. Особено ако генерацијата по нас е со потежок патоказ од нашиот или на оние пред нас. 

Сакам да кажам, опуштете се луѓе, колку и да сме лоши тие по нас се секако полоши…

Инаку терминот „изгубена генерација” прв пат се појавува во Париз (а каде инаку?) во годините по Првата светска војна и се однесува на генерациите помеѓу двете светски војни. Генерации кои трајно ќе бидарт жигосани од грозоморите и лудилото на првата половина на 20-тиот век. Содржана е како епиграф на познатиот роман на Ернест Хемингвеј „Сонцето повторно изгрева” (The sun also rises) објавен во 1926 година. Со моќен пасус:

– Сите вие сте изгубена генерација!

Изгубената генерација стана и остана синоним за секоја битка на генерации млади луѓе кои ќе се фатат во костец со дисбалансот и хармонијата на надворешниот свет – таков каков што е замислен од нив или нивните претходници.

Генерацијата на Виетнамската војна, транзициите на источниот блок (СССР) во 90-тите, балканските војни во СФР Југославија, Сириската криза од втората декада на 21-от век, сите тие настани изнедрија генерации на млади луѓе кои со полно право можат да се наречат „изгубени“.

Тешките времина создаваат силни луѓе. 

Впрочем има одличен есеј „Изгубената генерација – изгубена низ искуството и значењето“ од Јане Јованов и Катерина Ромашевска од Карловиот Универзитет во Р. Чешка, објавен во едиција на Прва меѓународна научна конференција ФИЛКО, каде што се обработува морфолошка, синтаксичка, теоретска и литературната форма на „Изгубените“ и резимира со следното: 

Може да се дојде до заклучок дека „изгубена генерација“ се користи за поколение кое е „прегазено од времето“, „е надвор од нормалниот развој на настаните“, „поколение кое се нашло во тешки социјални, економски или политички услови“. 

Звучи познато? 

Кој е излезот на хистеричниот круг на внатрешни болки и (не само) егзистенцијални дилеми на луѓето кои се во виорот на „изгубеноста”? На таа катарза која се чини бескрајна? 

Нема добар одговор, но има едно добро искуство, и тоа во најтешкиот период во модерната историја, помешу двете светски војни  и една голема депресија. 

Да се навратиме на првите „изгубени“. Тоа се (покрај Ернест Хемингвеј), Френцис Скот Фидџералд (Големиот Гетсби), даблинецот Џемс Џојс, Жил Паскин, Езра Паунд, Силвија Биџ од култната книжарница „Шекспир енд Компани“ Езра Паунд, сите во најубавите години и сите под менторска љубов и подршка на дада им Гертруда Стајн, која е и креатор на терминот кој ја обележа оваа славна генерација. 

За ова фино друштво, има плејада книги, натписи, стории и приказни кои го опишуваат амбиентот на Париз од 20-30 години, тој историско-носталгичен шарм исполнет со неизвесност, страв и бесцелност, но и слобода, енергија, уметност. И многу убави кроасани. За кафулињата, виното, љубовта и шансоните, во прво лице еднина, најдобар водич ви е книгата Подвижна гозба (A movable feast), посмртно објавена 1964 година, две години одкако Папа Хемингвеј се упокои борејќи се со животот и депресијата. Не загина во прегратка на една од петте жени, во сон или болница. Загина како што живееше, во експлозивен бакнеж во ловечка двоцевка.  Инспириран од тоа дело, полулудиот и генијален Вуди Ален го режираше филмот Полноќ во Париз (Midnight in Paris) во 2011 година. 

Бестијалниот, на моменти суров и дивјачки поглед кон животот, храброста помешана со креативна експлозија на младешката енергија го поместила погледот на оваа генерација од минатото кон иднината. 

Отпорот кон лудилото, силната индивидуалност, слободарскиот дух и длабинско нуркање во непознатото се неколку точки на кои се потпира непобедената сила и верба дека сонцето повторно ќе изгрева.

Тешките времиња… 

 

(Следува: најдена генерација или повторно најденото време)

Тагови од објавата
Напишано од
More from Душко Гошевски
Повторно најдена генерација или што е заедничко за Били тхе Кид, Цвајг и Тито
Повторно најдена генерација е нешто сосема поинакво. Тоа е достигање или барем...
Повеќе
One reply on “#1 За изгубената генерација (или тешките времиња раѓаат силни луѓе)”