Пропаганда – Едвард Бернејс

Литературен клуб може да излезе од својот маѓепсан круг од лекции и познати личности и да заземе улога во образовниот живот на заедницата. На пример, може да спонзорира натпревар помеѓу државните училишта за најдобар есеј за историјaта на градот, или за животот на најпознатиот син на тој град.

ЖЕНСКИТЕ АКТИВНОСТИ И ПРОПАГАНДАТА

 

Жените во современа Америка постигнаа законска рамноправност со мажите. Ова не значи дека нивните активности се идентични со активностите на мажите. Дополнително на нивните економски дејности и стручни интереси, жените во масата сè уште имаат посебни интереси и активности.
Најочигледното влијние на жените се засилува кога тие се организирани и вооружени со оружјето пропаганда. Така организирани и вооружени, направија нивното влијание да се почувствува во градските совети, државните законодавства и националните конгреси, врз извршителите, политичките кампањи и во јавното мислeње воопшто, и локалното и националното.
Во политиката, Американките денес се наоѓаат на многу поважна позиција од гледна точна на нивното влијание во нивните организирани групи одошто од гледна точка на лидерството што го побараа во вистински политички позиции или држење на функција. Сè до денес, професионалната жена политичар немаше многу влијание, ниту жените воопшто ја сметаа за најважен елемент во прашање. И покрај сè, Ма Фергусон дома беше само жена, пион за соборениот сопруг; Нели Рос, поранешната гувернерка на Вајоминг, од секој аспект едвај да е лидер на државништвото или јавното мислење.
Ако ништо друго, суфражетската кампања ги покажа можностите на пропагандата да достигне одредени цели. Жените ја користат денешнава пропаганда за да ги остварат своите програми во Вашингтон и во државите. Во Вашингтон тие се организирани како Законодавен комитет од 14 женски организации, меѓу кои „Лига на женски гласачи“, „Асоцијација на млади христијански жени“, „Женска христијанска темперанс унија“, „Федерација на женски клубови“, итн. Овие организации исцртаа законодавна програма и потоа ја употребија современата техника на пропагандата за оваа законодавна програма навистина да биде донесена како закон во државата. Нивните достигнувања во ова поле се разновидни. Тие со право може да земат заслуги за законите за социјална заштита. Осумчасовниот работен ден е нивни успех. Несомнено, забраната за производство и увоз на алкохол и нејзиното спроведување е нивна, ако тоа може да се смета за достигнување. Така е и со нацрт-законот Шепард-Таунер, кој наложува поддршка за заштитата на родилките од централната власт во државните влади. Овој нацрт-закон немаше да биде донесен ако нe беа разумноста и политичката јасновидост на жени како г-ѓа Вандерлип и г-ѓа Мичел.
Федералните мерки што беа одобрени во првата конвенција на Националната лига на женски гласачи се пример за активностите за социјална заштита на женските организации. Тие опфатија широки интереси, како што се заштитата на децата, образованието, домот и високите цени, жените со силни професии, јавното здравје и морал, независното граѓанство на мажените жени, и други.
За да ги пропагира овие принципи, Националната лига на женски гласачи објави секакви видови литература, како што се реклами, календари, изборни информации, одржа кореспонденциски курс за управување и спроведе часови за демонстрација и школи за граѓанство.
Ефективноста на женските организации во американската политика денес веројатно се должи на две нешта: прво, обуката на професионална класа на извршни секретари или законодавни секретари за време на суфражетските кампањи, каде што секој уред познат за пропагандистот мораше да се употреби за да се контролира тврдоглавото мнозинство; второ, насочувањето кон мировни активности на многуте истакнати жени што учествуваа во суфражетските кампањи и што исто така се посветија на важните походи и движења за масовно вијание за време на војната. Напамет ми паѓаат жени како г-ѓа Франк Вандерлип, Алис Ејмс Винтер, г-ѓа Хенри Москович, г-ѓа Флоренс Кели, г-ѓа Џон Блер, г-ѓа О. Х. П. Белмонт, Дорис Стивенс, Алис Паул.
Ако изгледа како да се концентрирам на достигнувањата на жените во политиката, тоа е затоа што тие дадоа посебно ударен пример за интелигентна употреба на новата пропаганда за да обезбедат внимание и прифатеност на малцинските идеи. Можеби е соодветно најновите регрутирани во политичката арена да треба да ги препознаат и искористат најновите оружја за убедување за да надоместат за каков било недостаток на искуство, кој до некаде е еуфемистички именуван како практична политика. Пример за оваа нова техника: Пред некоку години, Комитетот на женски потрошувачи, борејќи се со „Американнската вредносна“ тарифа, изнајми празна продавница на „57-мата улица“ во Њујорк и направи изложба на производи и на секој од нив стави етикета со моменталната цена и со цената што би ја имал доколку помине тарифата. Стотици посетители на оваа продавница се побуниле за каузата на Комитетот.
Но, има и неполитички полиња во кои жените направија и можат да направат да се почувствува нивното влијание за социјални цели и во кои го искористиле принципот на групно лидерство за да ги достигнат посакуваните цели.
Во Генералната федерација на женски клубови има 13 000 клубови. Пошироко класифицирано, тие вклучуваат граѓански и градски клубови, мајчински и домаќински клубови, културни клубови посветени на уметноста, музиката и литературата, бизнис и професионални женски клубови и општи женски клубови што опфаќаат или граѓански или заеднички фази, или комбинираат некои од горенаведените активности.
Женскиот клуб општо е ефективен во корист на здравственото образование; за да го зајакнат вреднувањето на ликовната уметност; за да спонзорираат закони што ги засегаат жените и децата; за развој на игралиштата и подобрување на парковите; за покачување на стандардите на социјалниот и политичкиот морал; за одржување на домот и домашната економија; за образованието и слично. Во овие полиња, женскиот клуб се окупира со обиди што вообичаено не се покриени од страна на постојните агенции, и често започнува и помага во јакнењето на движењата за доброто на заедницата.
Клуб заинтересиран првенствено за домаќинството и практичната уметност може да спонзорира школа за готвење за младите невести и за други. Пример за интересот на жените во ова образовно поле е готвачката школа неодамна спроведена од њујоршкиот Хералд трибјун, која своите часови ги држеше во Карниџ хол и беше посетена од речиси 3 000 лица. За неколку дена од почетокот на готвачката школа, холот се наполни до максимум, стана ривал на моќта на МекКормак или Падеревски и најдраматично ѝ се противеше на идејата дека жените од големите градови не се заинтересирани за домаќинство.
Движењето за сервирање млеко во државните училишта или поставувањето бебешка здравствена станица во одделот за здравство ќе биде напор што му лежи на срце на клубот посветен на интересите на мајките и заштита на децата.
Музичкиот клуб може да ја прошири својата сфера и да ѝ служи на заедницата преку соработка со локалната радиостаница за да договорат подобри музички програми. Борбата против лоша музика може да биде воинствена кампања и да впрегне различни ресурси, исто како и секоја друга политичка борба.
Уметничкиот клуб може да биде активен во обезбедување позајмени изложби за градот. Може да организира патувачки изложби за уметничките дела на своите членови или да покажува дела од училиштата или универзитетите.
Литературен клуб може да излезе од својот маѓепсан круг од лекции и познати личности и да заземе улога во образовниот живот на заедницата. На пример, може да спонзорира натпревар помеѓу државните училишта за најдобар есеј за историјта на градот, или за животот на најпознатиот син на тој град.
Има премногу одредени цели за кои се составил женскиот клуб, обично е подготвен да иницира или да помогне во какво било движење, чија цел е некое препознатливо јавно добро во заедницата. Уште поважно, содржи организиран канал преку кој жените може да се почувствуваат како определен дел од јавното мислење.
Исто како што во приватниот живот жените ги надополнуваат мажите, и во јавниот живот ќе ги надополнуваат преку концентрирање на нивниот организиран труд врз прашања што инаку мажите веројатно би ги игнорирале. Има огромно поле за жените како активни протагонисти на нови идеи и методи на политичко и социјално домаќинство. Кога се организирани и свесни за својата моќ да ѝ влијаат на околината, жените може да ја употребат својата новостекната слобода на голем број начини за да го обликуваат светот во подобро место за живеење.

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Пропаганда – Едвард Бернејс”