Кон филмот „Лет над кукавичјото гнездо“

Со многумина кои сум разговарал не знаат дека тоа е книга првенствено напишана во 1962 година од Кен Киси и драматизирана во театарска претстава па најсетне, во 1975 година доживува екранизација.Слично е и со „Коса“ кој најпрво една деценија претходно се играше на Бродвеј пред да добие своја филмска верзија.

И покрај тоа што филмови се снимаат веќе еден век (независно од тоа што последните две децении филмот на полето на идеите е во хронична криза), јас кон филмската уметност сум прилично скептичен. Понекогаш дури и отворено тврдам дека мразам филмови. А, особено мразам филмови кои екранизирале книга.

Не се работи за некаков книжевен патриотизам, бидејќи ете, пишувам и го доживувам филмот како некаква конкуренција. Проблемот е што секогаш гледам еден компромис во филмот.

Секако, на тоа еднаш еден млад битолски режисер Иво Бару ми реплицира дека многу компромиси има и во книгите. Со тоа делумно се согласувам, бидејќи сметам дека не може да се направи равенство. Што би рекол францускиот писател шарлатан (мене драг) Фредерик Бегбеде: „Книгата може да го зачува статусот доколку го кажува неискажливото, невидливото, она што не може да се каже на телевизија…“

И во право е! Филмот е далеку, далеку покомерцијална уметност. Да знам… одамна се испреплетени границите на високата и ниската уметност, живееме во ова одвратно нихилистичко време на постмодернизам (никако да заврши бре!) на голема жалост на донкихотката Дубравка Угрешиќ… но, ако некогаш ја мислев за помалку сноб во последно време како сè повеќе да ја разбирам. Секако, знам дека филмот како занает/уметност си има свои ограничувања. Исто важно е да се напомене дека филмот е скапа работа.

За снимање на еден филм се потребни многу пари, најчесто од државни буџети или разни фондови со свои притаени политики на интерес. Режисерот има едно на ум, сценаристот друго, продуцентите трето, директорот на студиото или донаторите, државниот секретар за филмски фонд сосем петнаесетто и помалку или повеќе е неопходно да се испеглаат разликите меѓу сите нив, што е прилично тешка работа. Тоа е цената на колективизмот на филмската уметност наспроти индивидуализмот или помалиот колективизам на литературата.

Во литературата го имаш издавачот кој може (и прави) проблеми, но со него некако можеш да се договориш и да излезеш на крај.Затоа отворено тврдам дека има повеќе храбри книги отколку филмови. Од друга страна, книгите имаат ограничено внимание, бидејќи масите воглавно се неписмени, мрзеливи или едноставно антилитературно настроени од различни причини (учителките и лошите лектири се секако една од поглавните), додека филмче може да погледне секој. Значи, филмот има поголемо внимание во однос на книгата, иако тоа не мора секогаш да биде случај.
По некое непишано правило, која книга денес ќе постигне некој бестселер статус веднаш доживува екранизација.Па, пример книгите на Ден Браун, Пауло Коељо, Стивен Кинг и сличните бестселерски лакрдијаши се многу повлијателни и поуспешни отколку филмовите снимени по нив. Иако, рака на срце, Стивен Кинг има некои подеднакво успешни филмови како „Бегство од Шошенк“ или „Зелената милја“.

Од друга страна има многу филмови кои се снимени по романи, а никој не знае за тоа. „Појадок кај Тифани„ на пример, кој знае дека е снимен по новела на Труман Капоти? „Лет врз кукавичјото гнездо“ е еден од тие филмови.
Со многумина кои сум разговарал не знаат дека тоа е книга првенствено напишана во 1962 година од Кен Киси и драматизирана во театарска претстава па најсетне, во 1975 година доживува екранизација. Слично е и со „Коса“ кој најпрво една деценија претходно се играше на Бродвеј пред да добие своја филмска верзија.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Алекс Букарски
„Нешто да ти кажам“ – Ханиф Курејши; Рингишпилот на доцниоткапитализам во В. Британија (1)
Се чини, на ниво на поетика, современата книжевност, го напушта постмодерното експериментирање,...
Повеќе
0 replies on “Кон филмот „Лет над кукавичјото гнездо“”