Поезија (1)

најлесно се голта среќата / кога си жеден за малку/ милост

(без наслов)

И никој не сака
низ јазик да му се истркала смртта
да ја гушне во недостиг
да ја милува со зборови
да ги излекува мислите

најлесно се голта среќата
кога си жеден за малку
милост

Транзиција

Се возиме по пат од коцка
пука сонце
стомакот ми е во форма на лава
што брутално се излива на жешкиот асфалт
го оставаме да испари со писата од асфалтот
и не следи до моментот кога мајка ми
ме влече за рака додека трча по судијката
да и каже нешто за правдата.

со споени испотени дланки во скут
немирно тапкаме
и бескрајно чекаме
се поклонуваме пред вистината.


Априлски ом

френетично си испишуваме молитви по
телото
а бестелесни ни се мислите
и јазикот ни пламти
си подаваме по еден ом наутро
па исплашени го силуваме преку ден

за мрак да не падне
а во мрак тлееме.

Тагови од објавата
More from Елизабета Кацарева
ПОЕЗИЈА (2)
таа во бунила мириса две свежи дуњи опојна болка
Повеќе
0 replies on “Поезија (1)”