Италијанска современа поезија (6)

Сама како гребените кои спокојно р’тат низ далгите, јас го молам морето на твоите усни да ме успокои

Ана Марија Ортезе (1914-1998) е италијанска писателка и поетеса, родена во Рим. Добитник е на наградите Вијареџо и Стрега.

Понужно од ноќта

Понужно од ноќта, слушаш
уживајќи во мојата болка.
Сама како гребените кои спокојно
р’тат низ далгите, јас го молам морето
на твоите усни да ме успокои. Ти би можел
да ме преобразиш во бран, ако сакаш, ти
ако легнеш за да ме опколиш. Ја навалувам
главата копнеејќи, и горам и трепнам.
Зошто не се враќаш? Како ли не те прима
овој повик на девојче? Каде
да најдам милост, ако ти, кој благ
си како ветрот, не ме допреш? Опиено,
низ шепот тих морето
ме досегнува, а јас мислам на твоите дланки, и јачам.


Никој нема да дојде

Никој никогаш нема да дојде на оваа земја
да ни ја каже причината на стварите,
та макар и да е тоа причината за ништавилото;
никој нема да ги разбуди умрените и децата,
никој нема да го открие целокупниот закон на
Неправдата.

Превод: Наташа Сарџоска

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Големи и мали (литератури и култури)
Ќе ги преведуваат ли и нашите дела некогаш или ќе собираме прав...
Повеќе
0 replies on “Италијанска современа поезија (6)”