Северот не е моја страна

Е, па, животе, напиши ми казна

Северот не е моја страна
На животот му пркосам, а линијата на дланката е кратка
и се помалку ангели-чувари имам,
но, на фронтот цврсто стојам и бело знаме сѐ уште немам!
Во битката Север-Југ, срцето борец стана,
тешки рани со крвав конец му сошив,
лузната, ордени за храброст ги доби!
Ех, животе, напиши ми казна,
но, предавник нема да бидам,
заклетва на Сонцето дадов,
печат на примирје нема да ставам
и не подавам рака на ветришта што дуваат од Север!
На животот му пркосам, а обичен човек сум и библиски е да простам,
заборавот со себе во иднината да го носам,
но, сеуште невремето го памтам, студот во градите,
растурени виножита, одвеани парчиња среќа,
откорнати дрвореди со спомени стари!
Епа, животе, напиши ми казна,
но, предавник нема да бидам,
на Времето заклетва му дадов
во мојот дом, никогаш гости нема да бидат
ветришта што дуваат од Север!

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Северот не е моја страна”