Додека паѓа дождот

Ни положбата на фетус Не ја ублажува болката На празните раце

Ќерка, 3 г.

Сакам да ја пуштам
Може и сама

Го запирам чекорот
Ја ослободувам раката

Можам ли јас?

Додека паѓа дождот

Мирна сум
Светлино
додека дождот ми ја навиткува косата

Го исфралам од себе
насобраното ѓубре
од цивилизираните денови

Се шминкам
Со светли тајни
и излегувам на вечера
со Вечноста

Правам избор

Спиење

Ни положбата на фетус
Не ја ублажува болката
На празните раце

Ја завлекувам главата
Под перница

Платното под таванот
Се стреми да падне

Не е важно
Не сакам Диазепам

Мој таван
Мои скали
Мој пад

… во Сон

Кругови

Мојот прв круг
е исполнет со време.

Исчекорувам
кога ќе го почувствувавм повикот од себе.

Ги менувам круговите.
Прескокнувам, се враќам, отварам, затварам…

Кој не разбира
нема ни кружница.

Приказна

Ѕвоно, јадица,
писмо,
книга, рамка,
парфеми, бунда…
Сето тоа
расфрлено околу мене со години,
отежнало
од трење и значење.

Не го вадам ниту ѓерданот.

Сето тоа е од тебе
Нем јазик
Приказни за малубројните.

Препев: Борче Георгиев

Тагови од објавата
More from Милосава Павловиќ
На крајот од тунелот
Моите години знаат дека блесокот трае миг и ја насетуваат опасноста долго...
Повеќе
0 replies on “Додека паѓа дождот”