„ОДАЈА НА РАДОСТА“ И „100 х 100“

Повод: Саемот на книга 2017

Како и претходната, така и оваа година, „Антолог“ креира посебно искуство од своето претставување на најголемата книжевна манифестација во Македонија – Саемот на книга, кој се одржа од 4 до 10 април 2017 година. „Антолог“се претстави со два изложбени штанда со два одделни пакети на активности и настани на Скопскиот саем.

Инспириран од годинашниот слоган Испишуваме радости!, штандот во „Метрополис арена“ (хала 1) беше своевидна ОДАЈА НА РАДОСТА со претставување на најновите изданија и на најпродаваните наслови, како и со оригиналната серија аксесоари за инспирација и за уживање во читањето. Меѓу најновите изданија ги издвојуваме:

  • Круг – Дејв Егерс – ексклузивно на македонски бестселерот според кој е снимен истоимениот блокбастер, со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги, чија премиера е најавена за 28 април
  • Пат кон бескрајот – Џејн Хокинг – биографска приказна на еден од најгенијалните умови на сите времиња – Стивен Хокинг, раскажана лично од неговата прва жена, Џејн Хокинг
  • Последниот ритуал – Ирса Сигурдардотир – мрачен, длабок роман, кој предизвика меѓународна сензација и е објавен во триесетина земји
  • Магионичар – Магдалена Парис – политички трилер во кој станува збор за операција во која Штази наредувала убиства на граѓани во времето на Железната завеса
  • Како и домашните:

  • Штраке-штруке – Александар Кујунџиски – нова поетска книга од најплодниот македонски писател за деца
  • Се гледаме наскоро. Е. – Д. Евтимова и В. Лукаш – авангарден роман, напишан во форма на размена на електронска пошта
  • дедикар икарал – Ѓоко Здравески – четвртата поетска збирка на омилениот поет на сите генерации
  • Се буди ѕверот – Велко Неделковски – трагикомична полифонична сага за животот на неколку наши (пост)транзициски фамилии
  • 17834827_1399058863483635_3301986812256551744_o

    Во однос на програмските активности, останаа доследни на традицијата „секој ден нова приказна“, па годинашната програма изгледаше вака:

    4 април, вторник
    ТАЈНАТА НА ЛАВИРИНТОТ
    Првите два дела од научнофантастичната сага Лавиринтот – Невозможно бегство и Бегство низ Пустошот од Џејмс Дашнер, тинејџерски мегахит што го освои светот и како книжевно дело и како филмско остварување, ексклузивно во превод на македонски само во издание на „Антолог“. Подарувавме торбичка за секој купен пакет, а имавме и специјален попуст за оние што ќе успеат да ја решат „тајната на Лавиринтот“.

    На првиот саемски ден во Промотивниот центар, со почеток во 19 часот, се одржа и промоција на книгата Рашомон – државен непријател од Ставре Џиков и Марјан Иваноски. Модератор на промоцијата беше Ленче Смилевска, а промотори Гроздан Цветковски и Филип Бачков.

    5 април, среда
    ДЕН НА ТРИЛЕРИТЕ
    Промоција на одличните, веќе познати, но и нови трилери во издание на „Антолог“ и специјален пакет „Трилери“, за кој подарувавме шолја за топли кафиња и чаеви со омилените страници. Особено ви ги препорачуваме безвременскиот Смила го чувствува снегот од Петер Хег, непредвидливиот Кој се плаши од волкот од Карин Фосум, возбудливиот Бавната смрт на Лусијана Б. од Гилјермо Мартинес, егзотичниот Мрачен мотив од Луиз Пени, хумористичниот Само еден труп повеќе од Рамиро Пиниља и возбудливиот Последниот ритуал од Ирса Сигурдардотир.

    6 април, четврток
    ЕВРОПСКА ПРИКАЗНА
    Промоција на дел од книгите добитнички на Европската награда за литература, меѓу кои еден од нашите најчитани – Холандска девица од Маренте де Мор, но и новообјавените Историја на светлината од Јан Њемец и Сочувство од Дулсе Марија Кардозо. За секој купен пакет „Европски ѕвезди“ подарувавме нотес „Испишуваме радости“.

    7 април, петок
    ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА
    Овој саемски ден беше посветен на најмалите. Во нашата продукција литературата за деца зазема посебно место со одличните книги од докажаните писатели за деца. Организиравме средби со писатели со најубавите посвети, а секој купувач можеше да си одбере гратис разделници.

    8 април, сабота
    ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА
    На штандот на „Антолог“ гостуваа и потпишуваа книги 10 домашни писатели: Јусуф Сулејман, Сања Стојанова, Лидија Давидовска, Моника Трајковска, Д.А. Лори, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Емил Калешковски, Драгана Евтимова и Игор Станојоски.

    9 април, недела
    РОДЕН ДЕН!
    Неделно организиравме 10-часовна забава во чест на 18 ГОДИНИ од постоењето на издавачката куќа „Антолог“ со многу изненадувања и подарок за секој купувач!

    10 април, понеделник
    ДЕН НА ЉУБОВТА
    Последниот саемски ден го посветивме на љубовта. За секој купен пакет „Љубов“ подарувавме „антологиско“ вино за многу романтични моменти, а во Одајата на радоста во 12 часот гостуваше Бојана Цветкова, авторка на Книга подарок за посебна дама како тебе, која по неполни два месеца од објавувањето го потпишуваше второто издание од оваа книга.

    Како и лани, и оваа година овој штанд на „Антолог“ беше мало уметничко дело. Лани ја почнавме таа убава практика македонските дијзанери и уметници да создадат уникатно и креативно искуство од изложбениот простор. Годинава, пак, во соработка со креативното студио Тиноски, кое стои и зад нашата нова линија брендирани производи: обични и магнетни разделници, нотеси, шолји, торбички, подлошки за чаши, беџови, ја обликувавме идејата „одаја на радоста“.

    Штандот 100 х 100 на „Антолог“ во 2 хала ги понуди најголемите попусти досега. Читателите таму можеа да ги одберат своите омилени наслови меѓу стоте книги по цена од сто денари и уште голем број други наслови пред сè за деца и тинејџери, но и за возрасни и за сите други генерации читатели зависни од книги – со вистински попусти до 70%. Целта на оваа акција беше буквално секој купувач да може да одбере што повеќе квалитетни наслови во согласност со потребите и можностите.

    Се гледаме наскоро. Антолог

    Тагови од објавата
    Напишано од
    More from РЕПЕР
    Ехото на воздигнатото паѓање
    Немања Стојковиќ – Блеки е роден 1986 година во Врање. Дел е...
    Повеќе
    0 replies on “„ОДАЈА НА РАДОСТА“ И „100 х 100“”