Бодликава Поезија*

Иван Шуњиќ и Елвира Мезит Феминистички, порнографски, популарнокултурни, политички и др. дискурси.

Сиже

Може и кактус, само нека боде е поетски првенец на Асја Бакиќ објавена 2009 г. од загрепската издавачка куќа Аора. Веќе со самиот луциден наслов се интонира целата збирка. Станува збор за субверзивна поезија, чие читање е недделиво од контекстуалната рамка, од кое е поставена граница – поствоеното транзициско, патријахално општество – и чија главна интенција е перманентно минирање или метафорички кажано „бодење“ на таквата стварност, во која егзистира лирскиот субјект Асја Бакиќ, со секојдневната борба за артикулирање на сопствениот глас и личната еманципација. Песните на Асја Бакиќ, истакнува критиката, се карактеризираат по едноставноста на формата, лапидарноста во изведбата и мајсторската избрусеност со задолжителна извонредна поента. Притоа, доминантната реторичка стратегија се (авто)иронијата и сатирата. Наведениве особини укажуваат дека станува збор за поетеса со изразен јазичен сензибилитет и лингвистичка интелегенција (Асја Бакиќ воедно е полиглот и преведувач), па оваа збирка е погодна за аналитичка-интерпретативна интервенција со различна лингвистичка чистина, особено стилистичка, како на микро, така и на макро текстуално ниво.
Во неа, на различен начин се спојуваат, умножуваат и соочуваат различните дискурзивни матрици (феминистичката, политичката, популарно-културната, порнографската и др. дискурси).

thumb_209_poet_big

Полидискурзивноста ќе биде централна точка при согледувањето на стилографијата на поетското писмо на Асја Бакиќ, на која ќе биде обработена анализа и интерпретација со интердискурзивни и интродискурзивни претопувања во текстот. Наведеното припаѓа во полето на дискурсностилистичката методологија, од која традиционалното стилистичко читање се разликуват по тоа што нужно го вклучува контекстот кој, како што е спомнато, многупати го детерминира читањето на оваа збирка.


Клучни зборови:
дискурс, стилистика на дискурсот, дискурзивна матрица, интердискурзивост, трансдискурзивност.

Вовед

Дискурсот – е централен термин како филолошка дисциплина (лингвистички и книжевно-теоретски, како и нивните методолошки преплети), така и сите хуманистички науки во целина. Во таа смисла, може да се говори и за дискурсни стдии како релативно нова кросдисциплина, која вклучува истражувања како од вербални, така и од невербални дискурси. На кој начин, тргнувајќи од лингвистичките ставови, како да се дефинира самиот поим дискурс? Кажано со зборовите на Мекхол, кога се зборува за дискурс, се зборува за јазик во употреба; изедначувањето на текстот и дискурзивната пракса е формална лингвистика, која јазикот го гледа универзалистички, како автономен состав, издвоен од контекстуалните рамки, при кој секое надреченично устројство ќе го смета текстот, односно дискурсот; за емпириско-социолошката лингвистичка перспектива дискурсот ќе го гледа низ призма на интерперсонални/активности лингвистички комуникации, во кои социјалната поента ја разбира како доминантен форматив; постструктуралистички лингвистички правец ќе говори за дискурсите, односно, со речникот на Фуко, дискурзивна пракса која го обликува објектот, за кој се говори (Кантич-Бакаршич 2006:258-259).

Критичката анализа на дискурсот и дискурсно-теоретските аспекти ја одредиле насоката за развој на стилистиката од традиционалните лингвистички дисциплини, која смета дека значењето на текстот, генерално е во самиот текст и која својата помош ја воспоставува со јазичноста на текстот, а до стилскиот дискурс е хетерогена дисциплина, која вклучува исклучително јазична детерминанта (лингвистички и екстралингвистичи контекст), дескриптивност, но и експлинаторност и интерпретативност (субјективна позиција на самиот/та интерпретатор/ка), методолошки еклектицизам и интердисциплинарност. Една од главните појдовни точки на стилскиот дискурс е сваќањето, дека секој дискурс „е само дел од мрежата дискурси, кои му претходат или го опкружуваат, па така интертексуалноста, односно ‘интердискурзивност’, е секогаш важна појдовна точка во оваа стилистика“, со чии анализи исто така може да се анализираат како литературни, така и нелитературни текстови. Стилот на овој начин се разбира како релативна категорија, изведена од „променливите соодноси на дискурсивната сила, која во себе асимилира јазични моментни пораки (односно порака), потчинувајќи го континуираниот процес на преозначување“ (Бити 2004:158)

1. Може и кактус, само нека боде – легитимна интерпретација на збирката од аспект на дискурсивна стилистика

Спојувањето, умножувањето како и конфронтациите на различните дискурзивни матрици е доминантна карактеристика во стилографијата на поетесата Асја Бакиќ, поточно на нејзиниот поетски првенец Може и кактус, само нека боде. Оваа поетска збирка е атрактивна за јазична анализа, како на микро, така и на макротекстуален план. Имено, станува збор за поетеса – која меѓу другото е и полиглота и преведувач – со изразен сензибилитет за јазик и лингвистичка интелегенција

Тематско-идејниот корпус на оваа поетска збирка е назначен во рецензијата на Бранислав Облучар, кој ги истакнува темите на политиката и еротиката, поточно порнографијата: „овие две теми се обележани со изразита свест да се говори од позиција на женски субјект, поезијата на Асја може да се чита и како феминистичка, ангажирана на посебен начин, со доза на иронија и демистификација, која ги соборува стереотипите и се брани од баналностите“ (Облучар 2009). Ваквиот поетичко-стилски хабитус, на кој Асја Бакиќ го конститура својот поетски ракопис одбележан е со друштвено-политичкиот контекст. Бегството од родно-политичкото гето е првиот чекор, со кој се соочува младата генерација на босанско-херцеговински поети: „Асја Бакиќ, Шеља Шехабовиќ, Тања Ступар – Трифуновиќ, Наида Мујкиќ, Лејла Каламујиќ… Пред оваа генерација е повеќекратниот товар: раскинување со традицијата за замолкнување на жената, борбата за квалитетно образование, одговорен јавен ангажман и открвање на горките друштвени проблеми“ (Башич 2010: 9). Притоа, ако говориме за текстуалнита политика, теориска или книжевно-уметничка, секогаш се работи за конструирање на одреден стратешки дискурс (сп. Морањак-Бамбурач 2004: 120). Ако говориме за женски торечки субјект и свесно впишување на родовите разлики во текстот, практично се служиме со поделбата, која ја направила Е. Грос. Се работи за следнава типологија: женски текст, феминилен текст и феминистички текст. По поетско-стилската карактеристика, поетскиот првенец на Асја Бакиќ и натаму се перцепиа како феминистички, т.е. од оној вид на текстови „кои самосвесно ги доведува во прашање методите, објектите, целите или принципите на главниот тек на патријахалните канони“ (Златар 2006:98). Во овој поглед, се говори за нова генерација на поети/поетеси кои, парафразирајќи го Дамир Арсенијевич, ја афирмираат реполитизацискта потенцијална поезија. Поезијата, на тој начин, влегува во политичкиот простор, па „дава глас и воспоставува врска помеѓу алтернативните модели на субјективизацијата“ (Жилич 2011: 101), се работи за своевидно поезија на разлики, која критички се однесува на доминантната идеологија, демистифицирајќи ја стварноста, во која друштвото се соочува со ретроградни процеси (репатрихализација, реетнизација, ретрадиционализација), преку потенцирање на т.н. политички надежи. Мешање на три стандарднојазични варијанти – хрватски, босански и српски јазик – така најпрвин се перцепира како политички чин.

Во контекст со поетските струења на современата хрватска поетска сцена, оваа поезија се приближува до стилскиот формат, кој се означува како стварносна поезија, каде е присутно референтното упориште во денонативноста, психосоцијалниот профил на непласираната индивидуа на лирскиот субјект, т.е. поетот/поетесата низ карактеристиките на колоквијалниот израз, наративноста, стилизираното разнообразие на појавите од стварноста низ критичко, условно речено, деметафоризирано сецирање на секојдневието.

Феминистички, порнографски, популарнокултурни, политички и др. дискурси: Асја ги преплетува во своевидна дискурсивна мрежа, каде што споменатите се умножуваат, па меѓусебно се поништуваат демистифицирајќи ја идеолошката конструирана стварност, која се рефлектира во песните што ги карактеризира едноставноста на формата, лапидарноста во изведбата и мајсторски избрусениот стих, преку неизоставената вонеообичајната поента, при што доминира реторичката стратегија (авто)иронија и сатира.

Читањето на оваа поетска збирка низ призмата на стилистичкиот дискурс овозможува повеќеаспектен увид во своеобразната јазично-стилска постапка. Асја Бакиќ тргнувајќи од макрониво (ниво на дискурс како форматив) до микрониво (јазично-стилски постапки на ниво на текст-песна и стих).

2. Дискурзивна матрица

Насловот и поднасловот како смисловен јазол и граничните делови на текстот се сметаат за силни позиции, па како такви се исклучително важни за разбирањето од писателската естетика. Самиот наслов на збирката Може и кактус, само нека боде е манифестација на доминантно стилски барање во збирката – иронијата како постапка со која се боцка, ја потпрашува и ја поткопува стварноста. Какатусот, како што тоа го приметува и С. Липовец (2010), е фалусен симбол и топуз очистување и копнежот-телесен и писателски, со кој се дестабилизира и оголува мистификаторската пракса на творбата на женскиот субјектив, како и на самиот поетски текст. Наместо на естриктивната пракаса на потиснување и сублимација, поезијата на Асја Бакиќ проговорува со гласни бесмислени голи искази, кои користат постапка слична на оние во порнографскиот дискурс: крупен кадар, оголен исказ и употребува вулгаризми што прецизно ја именуваат стварноста.

Интересно во тој контекст е да се разгледаат и поединечни циклуси Смрта е жена и се вика Марта, Автопотрет со дедовиот орден за храброст, Youporn, Титаник од панонското море и Бошњаци, Хрвати, Срби, останати. Самите наслови веќе индикативно покажуваат на кои дискурзивни матрии се потпира авторката во постапката на субверзија и иронизирање. Смрта е жена и се вика Марта го перпетуира митот за нероткиња, жени без менструација, историски исклучен субјект на патријахална цензура, чие пишување во текст ги повикува оние кои се друштвено запоставени. Телото и телесното како потпирна точка на женската различност, истовремено се и место конструкција/деконструкција на женскиот идентитет. Жената е дискурсивно обликувана како битие, кое носи живот, па е лишена од таа биолошка функција, изедначена со самата смрт. Во циклусот Автопотрет со дедовиот орден за храброст авторката со освојувачка и поседувачка моќ симболички говори со превземање на дедовиот орден за храброст, бидејчи престанува да биде потчинет субјект, заќутуван низ текот на историјата. Циклусот песни Youporn пристапува на табуизираната зона на човечкиот живот, од реинтерпретација и надворешна еротизација на источниот грев до тематизирање на инфатилната сексуалност и просторна латенција. Циклусот Бошњаци, Хрвати, Срби, останати го потенцира личното памтење, кое функционира како бела флека (Лахман,2002) во внатрешните колективни емоционални хистерии на буката и бесот. Преформативното запишување на карактери од сопствениот живот станува потпорна точка, која го сведочи неприпаѓањето и дистанцирањето од механизмот на надгледување и контрола на националниот идентитет.

2.1 Трансдискурзивноста на стрипот во збирката

Како еден од формативните стилски доминанти на песните во оваа збирка, која произлегува од популарнокултурната дискурзивна матрица е стрипот. Стрипот на текстуалностилско ниво се исчитува како сложен знак во целокупниот опус. Асја Бакиќ, земајќи ја во предвид и нејзината поезија како и колумните или (мини)есеји, кои се често пропратени со стриповни цртежи.
Стрипот вообичаено се перцепира како тривијален медиум (comic strip во превод значи смешна лента), а со тоа забавен и безопасен (Милета 2009: 142). Слично како и порнографскиот дискурс, стрипот овозможува поглед на сликовит отсечок од стварноста во крупен кадар, но низ можноста за карневализирање на таа варијанта „голем број на значења со малку материјал“ (исто:142) – квадрати, балони, облаци. Не е случајно тоа што на местото на воведната песна се наоѓа песна стрип: „Простете, /ама јас би сакала да нацртам стрип/ за две роботски глави /една приказна во /три квадрати /друга во истите тие три/ молчи“. Позицијата на интоактивните зборови во песната Стрип го зазема императивниот перформатив „извинете“, кој се смета за израз со експресивна функција. Како збирката Може и кактус, само нека боде се отвара со песната Стрип интересно е да се набљудува кому воопшто се извинува поетскиот субјект и на кој начин се позиционира. Императивниот облик на глаголот извинете најчесто се појавува со значење поздрав при заминување, отпуштање и израз, кои се употребува на обред на погреб. Со оглед дека исказот продолжува да се разделува со сврзникот „но“, а потоа и експлицирањето на поетичката стратегија која ја застапува авторката, исказот „извинете, но“ можно е да се набљудува во контекст на напуштање и раскинување со традицијата на поетскиот говор и засновање на личен поетски глас кои, исто како стрипот ќе проговорат со јасен и концизен јазик, изразно лишен од херметички метафори и лирска суптилност. Наместо сугестивен поетски говор, авторката го привилегира визуелниот медиум со исказ на ликовите и авторскиот коментар. Таквата авторска стратегија додатно е усложнета со оставање на празни полиња – знак на молк, своевидна минус – постапка. Празните полиња се оставени за оние потиснати и замолчени гласови од маргините, за кои авторката гласно ќе проговори во оваа збирка. Од друга страна, стрипот се надоврзува како своевиден топос, бегање од линеарната стварност и овозможува (ре)конструкција на идентитетот, а како пример, интересна е колажната постапка: „Често правам /Сосема безопасни и /Симпатични колажи /На пр./Мојата глава ставена/На телото на летечка Кинескиња/Која со тенки ножички/Во воздухот удира/Десетици мажи по лицата/ или, уште подобро,/Облечена по последната мода/Со инстант лепило/Одлично ја прилепувам/На исечената фотографија/од Токио/Колажот гужва/Колажот пегла/Колажот, навистина, ги исправи сите неправди“. Затоа, јаглениот јазичен, колоквијализиран израз остава простор за создавање на визуелни предочувања. Затоа, целата поетска збирка може многу лесно да се стрипува, бидејќи и самот јазик на стрипот, гледано од лингвистички аспект, е природен јазик (види во Кантиќ-Бакаршиќ 1999: 73).

2.2 Говорни акти, реторичко прашање и интертекстуалност

Во песните е присутно и поткопувањето на дискурзивното поле на секојдневието: „мамо, јас добив/сега си
жена, сине“ (Бакиќ 2010: 15). Дијалошкиот двостих во песната претставува колоквијализиран исказ, лишен од поетскиот потенцијал, односно реалниот говорен чин, кој се оформува во песната е формативно-семантички интониран од насловот и оневозможува цитирање до апсурдност. Комичниот ефект е постигнат преку парадоксот: на местото на очекуваниот вокатив ќерко доаѓа сине, бидејќи син во дискурзивна пракса функционира како универзален означувач на дете без разлика на полот. Во овој исказ ќеркa во симболичниот поредок, кој се остварува со посредство на јазикот, се поништува како субјект, бидејќи таа во јазикот и не се гледа и не се слуша, туку се подразбира (Чаушевиќ и Злотрг: 2012: 273), при што во исказот ќерката одбива да се именува, а со тоа и самата причина за мајчината пресуда – добивањето на менстуација. Во елиптичната реченица доволен е самиот глагол ([сум] добила, имам), за да означи дел од некое парче и отсутност (види Плејиќ 2014). Се согледува ли оваа песна низ призмата на говорните акти (Милер 2004), првиот стих ќе претставува констатив или говорен акт со кој се изрекува вистинито или невистинито тврдење, кое создава услови за извршување на дејството, содржани во мајчиниот семантички исказ, своевремено насловн и обележан перформатив – пресуда на ќерката и нејзината инаугурација во жена. Со оглед дека и самиот пол/род е перформативна категорија, така што не постои како природен, туку како јазично условен, оваа песна функционира како „критика на самата идеја за натурализирање на културата, спрема која природното, силно и стабилно (машко) кое сервилно се спротиставува на послабото и проточно (женско). Констатацијата за жена, син, имено е бодеж во самата срж на арбитрарноста на културната категорија (…)“ (Петковиќ 2011). Како интересена постапка се нуди исчитувањето и употребата на реторичкото прашање во песната Прашањето на Офелија до режисерот?: „А да попливам уште малку/пред да се пуштам?“, при што станува збор за реторичко прашање во тесна смисла, при што одговорот сам се наметнува.

Контекстуалното вклопување на песните од оваа збирка допринесува за интертекстуална алузија на другите книжевни предлошки. Интересот на авторката е резервиран за афирмирање на женскиот глас (Офелија), реминисценцијата на другите авторки ( Ингеборг Бахман, Вики Февер), бајките (Принцезата на зрно грашок), фантастичната приказна (Малиот принц), како и текстовите со нагласена чудна функција (Алиса во земјата на чудата). Канонските поети, како што се Тин Ујевиќ и Мак Диздар, детронизирани се како претставници на доминантниот дискурс и релоцирани на дискурзивно-реално ниво на употребна вредност.

Заклучок

Поетскиот првенец на Асја Бакиќ Може и кактус, само нека боде со своите формални, структурни и јазични обележја, го гледаме како изразено интересен материјал за читање, со различни лингвистички и теориски насоки.

Поради оголениот јазичен израз и реалноста на поетскиот форматив, кој подразбира тематска транспарентност, наративност и колоквијалност, оваа поезија може да се причини и недоволно интересна за проучување од традиционалниот лингвистички аспект, за кој првенствено се атрактивни текстовите на маниристичката фактура.

Меѓутоа, специфичниот поетски ракопис, кој со помош на стилографијата се потпира на спојување и умножување на тие меѓусебни поништувања на различните дискурзивни матрици, поетската збирка на Асја Бакиќ овозможува да се анализира од стојалиште на современиот стилски дискурс, кој е за разлика од структуралната стилистика секогаш констектуализирана со екстралингвистичка дисциплина.

Дискурзивната матрица – феминистичка, популарнокултурна, политичка порнографска – се силни формативи, на кои почива реторичката стратегија на оваа поетеса, како и самата употреба на јазикот во збирката. Пред сѐ, тоа се открива со мешањето на трите стандарднојазични варијанти – хрватски, босански и српски јазик – што се перцепира како политички чин.

Ова дело, на крајот, без тенденција за исцрпна јазична анализа, може да се чита и како еден вид на стилистичка скица, каде специфичните јазично-стилски постапки што ги карактеризираат песните во оваа збирка (фигура (авто)иронија, парадокс, реторичко прашање, интертекстуално дијалогизирање, цитираност, интермедијално структурирање итн.) се разјаснуваат, тргнувајќи од специфичната дискурзивна матрица како формативна сила со специфична јазично/текстуално ткаење на Асја Бакиќ.

Превод од босански: Борче Георгиев

Тагови од објавата
Напишано од
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *