Езотерични кодови во македонскиот јазик

Речникот содржи едно од најневеројатните толкувања на македонската лингвистика кое досега е направено

 

Едноставно неверојатно е колку се Македонците во предност пред другите народи, бидејќи тоа што треба да го знаат им е пред нос.

Сите оние работи од математиката, физиката, квантната физика и кибернетиката, за кои е пишувано претходно и се познати од претходно, на крај памет не би ви паднало дека во македонскиот јазик тие се кодирани на ниво на архетипови. Јазикот всушност е Lux Hermeticum или преведено на македонски ,,скриена светлина”, што пак, е неверојатно слично со самиот збор  санскрит, односно нашито буквален превод сан (с’н, сонце) и скрит (скриено).

Се чини дека лингвистиката, писмото и говорот воопшто не се ништо друго, туку очајнички обид на човештвото да го кодира знаењето што го имало (по себе) во Еденската состојба или состојбата на едност со Едниот и во кој вечно е ден. Но, поради падот човеков, ова значење рапидно тонело во заборав. Овој процес продолжува и денес.

Јасно е дека јазиците се измешани со божје провидение, односно дека, како што стои во Библијата (Старот завет), постоел еден народ и еден јазик. Се чини дека (ако смееме да си дозволиме вака да размислуваме) Бог делува на овој свет така што привремено не’ отфрла од одредени состојби, за да можеме со нивното повторно откривање да станеме свесни за нивната вредност и тежина. Ова може да се воочи во совршеното речиси уметничко мешање на зборовите на јазиците. Но, не можеме да се одделиме од впечатокот дека постојат и ,,сили”, свесно организирани, кои тежнеат кон успорување на освестувањето, па дури и кон тотално бришење на ова знаење од свеста на човештвото.

Речникот содржи едно од најневеројатните толкувања на македонската лингвистика кое досега е направено, а фактот дека нашиот народ, како и нашата нација и држава имаат толку многу непријатели со илјадници години наназад, всушност ни покажува дека во сето тоа, сепак, се крие нешто многу подлабоко отколку едноставна желба за власт и претензија кон територии од страна на нашите соседи.

Филоглогија 2

Познатиот математичар Џон Фон Нојман, во некоја пригода кога тема на дискусија била квантната физика, има истакнато дека со неа се’ е во ред, а дека проблемот е во човештвото на кое му недостасува ,,квантна логика”. Со ова всушност ни укажува дека клучниот проблем на човечката мисла, а тоа е редукционистичката парадигма и отсуството на чувство за имплицитниот поредок во природата. Со тезите овде се вели дека неговото тврдење можеби е точно за западниот дел од цивилизацијата, но не и за славоговорните народи, бидејќи гносата кодифицирана во нашиот јазик ја содржи квантната логика, а тоа значи и дека нашата мисла е обликувана на поинаков, многу почовечен начин.

Аура – А (аи) е ,,рамнотежа”, ра е ,,светло”(Амон Ра), што значи ,,со рамнотежа во светлината” (у е во). За да можете да видите аура, треба да сте енергетски избалансирани, односно да ги урамнотежите машкиот и женскиот принцип (и самиот збор урамнотежување го содржи истиот код што значи дека овој езотеричен поим е изворно словенски).

Ава – божествена сила или ветер. Старите велат: ,,Да те фати авата”. Ава е дух. Аватар на пример значи ,,месија” или ,,пророк”. Кај Ведантите некогаш и кај Индусите денес, тоа е делумна или целосна божествена инкарнација. Тар е катран, црно, густо, што значи ,,оземјен” или ,,оваплотен”. Ако го разложиме на а (аи) – рамнотежа и ва – појава, тогаш добива голема смисла (примањето божествена енергија врамнотежува и смирува). На хебрејски, божествениот ветер кој носи смирение се вика Ахава и е преземен од Аријците.

Ангел – грчки гласник (ангелос). Уште еден пример, бидејќи зборовите глас и ан-гелос се страотно слични. Но грчкиот збор за ,,глас” е нешто сосема друго. да го разложиме зборот ,,глас” на два дела. Ќе видиме дека тој е сложенка од старословенскиот ,,глаголи” што значи зборувам и ,,ас” – старословенскиот збор за ,,јас”. Со оглед на тоа дека ангелите се гласници на Бога, тогаш очигледно е дека повеќеслојната (мултилеерската) смисла на зборот е разбирлива само со словенско толкување.

Александар буквално значи Божидар, односно она што тој и бил. Да го разложиме името: Ал – божествен, екс – оска, средиште, аксис и дар – што си е потполно исто – подарок. Потврда за ова е и источната варијанта на неговото име Искандар, што значи нешто потполно исто. Искан – значи сакан, посакуван. Овој код е комплетно зачуван кај Македонците на кои Татарите (заедно со Хазарските Евреи) малку ги хананизирале и им измислиле име и нација – Бугари. Искање значи сакање, барање, а тоа што го бараме, го бараме од Бога кој е централна оска (оска- иска). Англискиот збор ask има исто знаење , славкански корен и ист езотеричен код.

 

извадок од ,,Македонски речник на зборови со езотерични кодови”

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Тиранија на нормалното
Кој ја одредува мерката за тоа што е нормално? Просекот. Кај нас...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *