5 причини да го погледнете „Види кој се врати“!

Да се потсетиме на Тимур Вермеш и на неговиот деби-роман во кој го „оживува“ Адолф Хитлер.

Да се потсетиме на Тимур Вермеш и на неговиот деби-роман во кој го „оживува“ Адолф Хитлер. Сега ја имаме таа чест уште еднаш да се изнасмееме до солзи на новиот филм снимен според бестселерот на Вермеш.

„Види кој се врати“ е филмувана верзија на истоимениот бестселер на Тимур Вермеш. Приказната претставува експериментална фикција: што би било кога Адолф Хитлер ненадејно би се појавил од некаде? Безмилосно-комична сатира, каде што историскиот лик се деградира до потполно беспомошно старче. Во филмот Хитлер тргнува на својот нов „пат кон моќта“. Еве ви 5 причини зошто треба да го погледнете филмот „Види кој се врати“, секако откако претходно ќе си ја прочитате книгата.

1. Филмот го достигнува оној момент што во книгата може само да се насети, нè очекува огномет, не само скокотливо поигрување со темата, туку вистинска експлозија.

2. Оливер Маскучи остава исклучителен впечаток во улогата на Адолф Хитлер и уште во самиот трајлер ќе се насмеете до солзи. Впечатокот го дополнуваат Кристоф Марија Хербст и Михаел Кеслер во заедничките сцени.

3. Режисерот Давид Вненд, специјалист за урнебесни комедии, токму со „скокотливите места“ му дава специјален шмек на истоимениот роман.

4. „Види кој се врати“ не е само карикатура на Адолф Хитлер туку и пародија на денешното општество, посебно кога станува збор за снаоѓање со чувствителни прашања, како на пример десничарскиот радикализам.

5. Сè на сè, ќе погледнете црн хумор каков што многу ретко може да  излезе од германската филмска продукција.

Зарем ова не е доволна причина да се надеваме дека ќе го видиме овој филм и во нашите кина?

https://www.youtube.com/watch?v=32oQdnRDReU

https://www.youtube.com/watch?v=Y-HVde_qPB8

 

 

 

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Синергија помеѓу органското и механичкото
Во овој број на Репер имате можност да се запознаете со творештвото...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *