Ќе дарувам

jx6vlfo4vupaggh33fa4

Ќе дарувам

Ќе подарам тоа што
сакам,
а сакам многу.
Златни брошеви се моите
зборови за поздравување.
Драги камења на сребрена белегзија
се моите прегратки.
Зраци изгрејни далечни
се сториле моите допири.
Се китат на вас,
се местат и токмат,
се редат како што и плодовите
црешови на дрвото свое.
Подароци од мене,
за сите вас.
Подароци особени!
Особени подароци!
Да ги преброиш
и прередиш не можеш,
како што не може возот,
шините стари
или морето рибите нови.
Секој ден љубов и радост,
секоја вечер мирен сон сладок
и до непреброј и до непреред.

Ќе подарам толку
колку што имам,
а имам доволно.
Градини леи и цветови
разни,
се моите чувства спремни
за секој.
Плодови овошни и
салати преполни среќа се
моите наклони.
Да се намирисаме и
нахраниме заедно.
Да се збудалиме од убавини.
Тоа убавото,
ете тоа ќе ни остане.
Поезија вкусна,
сочна и витална
со арома исполнета
со вкус на еротски сензибилитет,
пред спиење,
после и години напред.

Моето треперење

Се растреперив
широко.
И така до сегашниов миг.
Се прашувам
длабоко,
што сторив од себе и од својот лик.

Со ветерот сув оди песокот ситен
со дождот тих плачот сличен.
Се растреперив јас,
како да сум дел од листовите
што треперат повремено,
и како да сум дел од тревите
што се нишаат во утрините.

Утринско треперење
разврзано и немо,
поради чашите од соновите
испиени и празни
стихови со преполни емоции
неверојатно чудни и тажни.

Треперам и во денот зрел, сеуште
и во ноќта што светлина гаси.
Треперејки со небото сега
се молам целосно
душата да ти ја спаси.

bkvhtwdqsqkglkzbyjwb

Изгубено чувство

Едно мое чувство апстинира
и подолго време е вон употреба.
Трагам јас веќе долго време по него.
Безнадежно трагам.
Да го видам меѓу животот, посакувам.
Залутав меѓу сликите
гледајки ги низ мислите.
Недевајки се дека ќе остварам средба
со мистериозен феномен.
Каква глупост чинам…
Неопислива и безсмислена
работа за безделник.
Наивен носталгичар.
Сноб!
Тргни застани и повторно тргни застани.
Но, сакам да го пронајдам, верувај ми.

Времето минуваше.
Полека безделничејки стигнував
до чувството барем за зрнце радост.
Оптимистички онака.
Во една стара чаша
со куп прашина залепено го видов.
Безживотно дремеше!
Траги од кармин на неа,
засушени солзи,
недоречености брзо изголтани.
Ставив вино во чашата
и повторно чувството се изгуби.
Конечно разбрав.
Вистината победува зошто чувството било лага.
Во првата голтка беше одговорот
а во последната само надежта.

Стихови на калата и капките

Капки, капки прскаат,
кон нејзиното постоење одат,
на една нежна убавина,
на една нежна кала паѓаат,
и врз неа тивко ме водат.
Таа чувствено, мило ги чека,
тие свежина и живот здрав и даруваат,
а таа од нив ствара река.
На сред тревите само калата тихува,
капките река сега, ја бакнуваат неа бела.
Оваа љубов нема крај,
импресивна ја чинат,
таа од нив поголема,
но тие никако да прекинат.
Бакнување, исчезнување, сериозно и без срам,
а сепак спојување  и сепак убав драм.
И штом наиде првиот сончев зрак,
ќе успорат двете тела,
ќе зазори зората цела,
да заспијат во некој таен крак.

Да те пронајдам

Ти си ми љубов.
Љубов во овошна градина
сокриена во плод некој сочен.

Ти си ми копнеж.
Копнеж во морска длабочина
сокриен меѓу корал шарен.

Ти си ми блесок.
Блесок во небесна височина
сокриен меѓу килим ѕвезден.

Љубов моја
Ти копнежу мој
И блесок вечерен!
Љубам да те вкусам во градината,
Копнеам да те пронајдам меѓу длабочината
за да блеснам со тебе до височината.

ТЕШКИ ЗБОРОВИ

Зборови! Тешки зборови!
Рани непреболени што ми направивте,
уште ли сакате вечера,
на мојата трпеза сиромашна,
што со вино и леб мувлосан
деноноќно пречекува мили гости.

Што не побарате побогата вечера?
Од тие убедливите, украсените..
Од тие безпрекорните гостопримачи.
Што не заминете таму
вие злобни дишења на ѓаволот,
каде пречекот ќе ве прејаде и препие.
до бесконечност и  сенаситност.
Што не заминете таму,
каде што ќе ве направат усреќени и охрабрени,
до неверување ваше,
дека сте неопходни примати.

Зборови! Тешки зборови!
Не се колебајте овде при мене.
Јас не сакам да ме почестувате
и низ уши да ми рашетувате.
Би го избришал секој ваш предок,
од прв до последен би ве скротил.
Ниту зад седум реки и мориња
не би ве пратил.
Зошто вашето доаѓање и од таму е лесно!

Leave a Reply

Your email address will not be published.