Dulce et utile (Ем корисно ем убаво) – Кога науката станува забава.

IMG_5185

Прототипови на соларни автомобили, првата и единствена подморница во историјата запленета на Германците на отворено море, оригиналните парчиња од вселенските летата на НАСА (Аполо 8), цели воени и цивилни авиони, првата дизел-локомотива, скафандери, торпеда, разни научни и новаторски апарати, реконструкција на првото летало на браќата Рајт, гигантска макета на Чикаго, бродски палуби со кормила, цел еден кат во кој науката и научните истражувања може да ги проба секој посетител, циркуски огледала, вагони од тролејбуси, вештачки ветар, колекција на велосипеди од разни периоди, светот на пеперутките одблиску, целокупната архива на Волт Дизни, реконструкција на рударска јама, генетска лабораторија, фарма меѓу четири ѕида, фабрика на идеи, детализиран процес на правење играчки, галерија на шепотите, и уште илјадници други предмети и артефакти за кои ви се потребни денови и денови шетање во најголемиот научен музејот на западната хемисфера. На четири ката во едно велелепно здание од  1893 година, Музејот на науката и на индустријата е смислен и реализиран како простор во кој буквално секој може да остане воодушевен, да научи нешто, да си дозволи и малку забава, да го исполни викендот, па дури и да касне нешто во музејската кантина поделена исто така според вкусовите (морска храна, тестенини, кинеска храна, скара, салати, пијалоци, слатки итн.) Музејот е сместен покрај Езерото Мичиген и Универзитетот Чикаго. Иако малку оддалечен од строгиот центар на Чикаго, но среде прекрасниот Џексон Парк, освојува со модерниот пристап и со преполните витрини.

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
WordPress Editor Gallery
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit. Aenean commodo ligula eget...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *