Естетика на сенката во делата на Фабрицио Корнели

ф1Уметноста со сенки на италијанскиот уметник Фабрицио Корнели е резултат на внимателно пресметана проекција на светлината. Користењето математика и посебни формули за да се произведе секое од овие визуелно привлечни дела загатливи за умот е, реално, само дел од работата. Корнели им дава живот на своите навидум едноставни геометриски форми, кои на ѕидот прават екстензии со светлината. Тој убедливо тврди: „”Светлината е енергија што создава форми“.

Кога светлината е изгасена, делата на овој уметник од Фиренца изгледаат како збир од апстрактни скулптурални фигури. Имаат некоја ладна симетрија и поставеност, со која ненамерно наметнуваат стравопочит. Сепак, кога светлината ќе се вклучи, неговите сенки оставаат светлосни дамки и на соседните ѕидови, а гледачите остануваат апсолутно поразени од страна на деталните уметнички слики, кои се всушност проектирани.

Без оглед дали бакарните листови на Корнели се така извиткани во просторот за да оставаат основни сенки од светлина што конструираат основни форми, негативите во просторот создаваат сложена сцена, која некогаш е условена од триаголен фенер, низ кој, кога поминува светлината, дизајнира со сенката силуета на човек што има испружено оружје или нешто слично. Неколку едноставни структури од прачки/стапови поставени на ѕид овозможуваат сенките да создадат дефинирање на контурите на лицето на многу животни, секој од нив користејќи ги моќта на светлината и на сенката при формирањето на овие неверојатни фигури.

Оваа уметност со сенки ги фасцинира креативните умови, особено поради фасцинацијата што ја нуди и егзистенцијалистичкото размислувања што го наметнува како тематика (но исто така и етичката); со овие физички „лица“, предизвикува историографски пресек на различните епохи и секогаш користи различен експресивен јазик.

Како што во литературата протагонистот е секогаш во сенка или попрво се препознава неговото отсуство така и Фабрицио Корнели со своите дела од сенки прави некој таен договор чија вредност е всушност непроценлива и од големо значење (неговите дела се како класичен пример за „Поуката од оваа приказна“).

ф6

Постои приказна што идеално се вклопува во концептот на неговите дела, а таа е поврзана со човек што си ја продал својата сенка на ѓаволот за да добие паричник полн злато, првично правејќи го тоа само за да се обиде да увиди како еден човек без сенка (дискретно и со тивко присуство) е избегнуван од човечкото општество.

Иако во минатото уметноста со сенка беше второстепена или сосема игнорирана, освен во познатите театри на сенка, таа постепено добива важна улога во визуелните уметности, така што сенките од светлина станаа (на моменти) главен лик, камен-темелник на работата (посебно на овој уметник), а се во совршен баланс со количината светлина што се произведува, односно се употребува.

Овој уметник од Италија, Фабрицио Корнели, е еден од првите протагонистите на естетиката на сенката“; настапувал со некои неверојатни и примамливи уметнички дела уште на почетокот на 1980-тите.
Уметникот создава инсталации во кои изворот на светлината не е веќе самострано присуство или сопствена метафора, туку доста доброоформена структура, која во самата внатрешност работи, можеби нематеријално, но значајно; иако неговите дела се оформени како скулптури, она што е проектирано на ѕидот е дводимензионална слика.

[nggallery id=36]

Leave a Reply

Your email address will not be published.