Ликвидирани вредности

„Ликвидирани вредности“ претставува проект изведуван преку дела кои се резултат од две различни постапки на делување....

Тргнувајќи од оние основни уметнички пориви и желби, и притоа за доближување на делото кон публиката, авторот излегува на улица, за да еден негов личен став за нешто биде „закачено“ низ јавниот простор, и да бледнее на некаков начин низ темпоралноста на живеењето. Во тој контекст „Ликвидирани вредности“ претставува проект изведуван преку дела кои се резултат од две различни постапки на делување. Првата постапка го опфаќа делот од концептот на отворен- јавен простор, со шаблонско прикажување- исцртување на портрети со спреј (некои од нив се уште постојат некои не). Втората постапка ја претставува нивната корелација, шаблонизираните портрети сега со интервенција на различни техники и материјали се пренесени на платнени формати.

Низ таквиот концепт на реализирање на делата и приоѓањето на гледачот кон истите е различен. Поврзаноста, корелацијата, паралелите, односот и различноста на восприемање на делото се примарната идеја и суштина. Пројавување на прашањето за нивното функционирање од различни гледишта, надвор- внатре, комуникацијата со гледач, трајноста на постоење на „сликата“, прикажувањето на иста шаблонизирана слика (портрет) во различен амбиент и подлога, трагите, знаците, графизмите…

[nggallery id=27]

Горан Ристовски е роден на 7 јануари 1987 година во Струга, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. До сега самостојно има изложувано во Струга, Куманово и Охрид, со циклусот на дела „end.begin“ и „ликвидирани вредности“. Добитник е на втора награда за најдобар дизајн на постер „против цензура, за слобода на говорот“ и најдобар едноминутен филм „13“ на Скопје филм фестивал. Ристовски моментално работи како ликовен педагог во Струга, еден е од членовите на уметничкото здружување ИНКА и Wezdensky од Струга.

Самостојни изложби:
-2010 год. „END.BEGIN“ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга
-2011 год. „END.BEGIN“ Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово
-2012 год. „Ликвидирани вредности“ Музеј „Робевци“- Охрид

Групни изложби:
-2006- 2009 год.- Годишни студентски изложби на ФЛУ- Скопје
-2006- 2013 год. – Изложба на “Ликовни уметници од Струга”
-2007, 2008, 2009 год.- Изложба “Драгутин Аврамоски- Гуте”- ФЛУ- Скопје
-2008 год.- Четврто меѓународно биенале во мала графика – Тетово
-2008 год.- Хуманитарна изложба, Мала станица – Скопје
-2008 год.- “Графичка работилница” Богданци
-2009 год.- Шесто меѓународно графичко триенале – Битола
-2009 год.- Осма меѓународна пролетна изложба “Широка Стаза” Белград
-2010 год.- Петто меѓународно биенале во мала графика – Тетово
-2010 год.- Скопје Филм Фестивал
-2010 год.- ОСТЕН Светска галерија на цртеж – Скопје
-2010 год.- ВЕЛОФЕСТ- Изложба на фотографии – Скопје
-2010 год.- Интерконтинентално биенале на мала графика “inter art” – Аиуд, Романија
-2010 год.- Триенале на Графичката работилница СОФИЈА – Богданци
-2010 год.- Изложба на млади уметници од Кавадарци и нивни гости
-2010 год.- Фотограф.мк “Улица”
– 2010 год.- Окно.мк фото- конкурс “Градот и јас”
-2012 год.- „Hangover“ – Охрид
-2013 год.- „Тромбоза“- Охрид

Напишано од
More from РЕПЕР
Современ „еколошки“ писател
Рецензија за делото: „Приказни обични за луѓе необични“ од Бранко Прља
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *