АКСЦ – нов простор за дружење, за креативност и за активизам

Конечно, за првпат во Скопје, во петокот, 22 ноември, со почеток во 19 часот, се отвори автономен, слободен, културно-социјален центар.

1Живееме во  доба во која преовладува борбата за надмоќ, а нејзините зла станаа толку искристализирани што дури и слепите можат да ги видат. Уживање во сè што не бара умствено преџвакување, униформиран живот тажен како пустина.

Конечно, за првпат во Скопје, во петокот, 22 ноември, со почеток во 19 часот, се отвори автономен, слободен, културно-социјален центар. Еден концепт што се стреми преку реализација на разни иницијативи да ја подигне свеста на граѓаните и да ги приближи кон едно послободно, похумано и покреативно општество.
Отворањето на Автономниот културно-социјален центар соедини луѓе со различни профили. Големата посетеност, која ја подразбира и големата поддршка, на поединците од АКСЦ им ги стопли срцата. Љубопитните очи на посетителите шараа низ просторот на Центарот, каде што беа претставени дел од настаните што ќе се одвиваат во блиска иднина.

„За отворањето  подготвивме доста интересна програма, која на посетителите треба да им даде мал увид во тоа што сè ќе се случува и може да се случува во АКСЦ“, искоментира Џорџе, кој е дел од колективот во Центарот.

2

Освен проекцијата на видеоматеријали собрани од сите досегашни граѓански иницијативи и протести и активистичкото ќоше со фотографии „Политички компас“, кое  на присутните им послужи за да ги тестираат своите идеолошки убедувања,  во просторот на АКСЦ беше поставена и изложбата со наслов „Без концепт“, која ја сочинуваат дела од современата локална уметничка сцена. Особено изненадување за гостите, позитивно – се разбира, беше поетскиот перформанс „Меѓу нас“, кога на еден неконвенционален начин, во интеракција со публиката, се рецитираа песни од Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Артур Рембо, Константин Кавафи и од други автори.

3

Освен тоа, имаше и обраќање од Тони Димитров, кој е дел од Центарот и кој на посетителите има одржа еден некласичен „говор“, без глума. Беше прочитан и дел од Манифестот на АКСЦ, во кој се претставени идејата и принципите на функционирање на овој простор.

[nggallery id=22]

Фотографии: Лилика Стрезоска и Доријан Миловановиќ

Тагови од објавата
,
Напишано од
More from РЕПЕР
Игра со претставата за идентитетот
Кон делото Ханиф Курејши – Тело (Табернакул; 2006)
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *