Десет романи што станале филмови (втор дел)

Со вториот дел од рубриката „Меѓу хартијата и платното“ ги пренесуваме другите пет промотивни видеоспотови (трејлери) од најинтересните филмски остварувања што се направени според врвни романи, инаку книги што може да се најдат и во превод на македонски јазик.

book1

„Врева и бес“

Четвртиот роман на Вилијам Фокнер, објавен во 1929 година и рангиран на високото 6 место на листата од 100 најдобри романи на англиски јазик во 20 век, е адаптиран во филм со актерите Јул Бринер и Џоан Вудворт во 1959 година.

 „101 Рејкјавик“

Освен Бјорк, една од првите уметнички асоцијации за Исланд беше и остана двојникот филм-роман „101 Рејкјавик“. Додека книгата на Халгримур Хелгасон од 1996 година стана првиот официјален превод од исландски на македонски јазик, во филмот од 2000 година игра раната муза на Педро Алмодовар, прекрасната Виторија Абрил. Филмот понесе над десет награди на светските фестивали.

„Повторно дома“

 Романот „Повторно дома“, добитник на високата книжевна награда „Финландија“ во 1997 година, само три години подоцна беше преточен во филмско остварување.

„Врвна уметност“

Во моментов веројатно еден од најважните режисери од Бразил, кој подоцна замина во Холивуд, Валтер Салес („Дневниците на мотоциклистот“, „На пат“), во 1991 година, на почетокот од својата кариера, го екранизираше на големото платно романот на Рубен Фонсека – „Висока уметност“. Во филмот глумат познатите актери Питер Којоти и Чеки Карјо.

„МЕШ“

http://www.youtube.com/watch?v=lvijJ3RnRc8

Силниот бренд на американскиот филм, режисерот Алтман, прв го увиде комерцијалниот потенцијал на книгата на почетникот Ричард Хукер од 1968 година. Филмот премиерно е прикажан во 1970 година со Елиод Гулд и со Доналд Сатерленд како водечки актери. Од 1972 до 1983 година се прикажува и  телевизиската серија инспирирана од истиот роман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.