Симонида Филипова-Китановска

Родена е во 1965 година во Скопје, Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член на ДЛУМ од 1988 година, а во периодот 1991-1997 година живеела и работела во Бостон, САД. Делата на Симонида Филипова-Китановска се изложувани на повеќе од стотина групни изложби во Македонија, Хрватска, Србија, Франција, САД, Германија, Бугарија, Австралија, Романија, Ерменија и во Грција.

Покрај статусот на слободен уметник, активна е и како илустратор на книжевни изданија и како инструктор по цртање и по сликање.

Самостојни изложби

2013 – Прима центар Берлин – Берлин
2012 – КИЦ на Р. Македонија во Софија
2011 – Дом на АРМ – Скопје
– Галерија ТУКАД МУНГА – Љубљана
– Галерија 8, безистен – Скопје
2010 – Галерија ОКО – Скопје
– Галерија ФОНТИКУС, Грозњан – Истра
– Мали ликовни салон – Нови Сад
2009 – Културно-информативен центар – Скопје
2008 – Културно-информативен центар – Скопје
2000 – Краон, Франција
1999 – УРАНИЈА, Охрид
1998 – Национална галерија ДАУТ ПАШИН АМАМ – Скопје
1994 – Галерија ТРИДЕНТ – Бостон
1993 – Галерија АГОРА – Њујорк-Сохо
1992 – Галерија 224 – Бостон
1991 – Галерија МОСТ – Белград
1990 – Национална галерија ДАУТ ПАШИН АМАМ – Скопје
– Галерија ЗОГРАФ – Скопје
– Дом на култура – Куманово
1989- МЦМ – Скопје
– Галерија ТОП – Карловац

Видео арт:

2006 -СЕНКА
2003 -МАСКА

Инсталации и перформанс:

2012- ликовен перформан со Новак Шљунски (Словенија) – МГС, Скопје
2010 – ликовен перформанс – отворање на Карпошово културно лето – Скопје
2009 – ликовен перформанс – ,,Види музика, слушни слика, добиј книга“, Плоштад Македонија, Скопје (Македонска филхармонија, диригент: Деријан Вилсон; солисти: Ана Дурловска – сопран, Благоја Нацовски – тенор; сликари: Симонида Филипова-Китановска и Нехат Бекири)
2007 – перформанс – „Корен, вода, гнездо, птица“ со Барт Учида, со Валбона Атанасовска и со Ибрахим Беди
1999 – „Отпад и креација“, инсталација во соработка со младата екологистичка организација МАРС, МКЦ, Скопје

Специјални проекти

Со Барт Учида и со Ањес Новак:
– уметнички проект, Елмхурст – Бостон
– Дорчестер Хаус – Бостон

Студиски престои/работилници во странство:

2009 – Сите дес Артс, март-април, Париз

Ликовни колони

2013-Берово
-Охрид
2012- акварелна колонија – Охрид
2011 – international painting art campus – Романија
– Охрид
2010 – Подградец –Албанија
Шибеник – остров Зларин – Хрватска
2009 – Гевгелија – Аполонија
– Битола – Де Ниро
– Крива Паланка – Јоаким Осоговски
– Охрид
2007 – Арка, Скопје
1999 – Кнежино, Кичево
1997 – „Свети Јоаким Осоговски“, Крива Паланка
1990 – Ечка, Зрењанин
– Галичник
– Славонски Брод, Хрватска
1989 – Озаљ, Хрватска
1988 – Ивањица, Југославија

Награди

2013- гранд при – интернационален конкурс на акварел – Скопје
2012 – награда за акварел – интернационален конкурс – Скопје
2008 – „Димитар Пандилов“, сликарство мал формат, ДЛУМ
1997 – „Димитар Пандилов“, сликарство мал формат, ДЛУМ
1989 – Биенале на Југословенски акварел, БАЈ, Карловац

Leave a Reply

Your email address will not be published.