Ја одбрав Македонија за светската премиера на својот најнов филм

„Сè исчезнува, така што, ако сè уште сакаме да направиме нешто, мора да побрзаме“.

Одамна беше денот кога во светот наголемо одекна неговото име. С. Зонтаг го спореди со филмските величини како Алексдандар Сокуров и како Бела Тар. Малку ни се посвежи сеќавањата кога дојде по својата „Златна камера 300“ во 2011 година за „Коњот од Торино“ на ИФФК „Браќа Манаки“ – Битола за следната година да биде претседател на жирито на главната програма. Најновиот куриозитет што еден од најталентираните светски кинематографи го поврзува со Битола и со Македонија е неговото лично инсистирање светската премиера на филмот „Слатки“ да биде токму во нашата земја. Во ова кратко интервју, кое имавме чест да го добиеме први, откријте мали слатки вистини.

fred kelemen

Се гледате во огледало – што е она што го забележувате?

Променливиот изглед на моето битие на овој свет.

 

KelemenКако би се претставиле себеси преку движечката слика?

Низ секоја слика што ја создавам се претставувам самиот себеси и го претставувам својот дух.

 

Како влијаеше животот врз Вашата уметност?

Мојот живот влијае врз мојата уметност секој ден уште откако сум роден, како резултат на сето она што сум го искусил.

 

Каде ги наоѓате мотивите?

Во своето срце и во своите мисли.

 

Која е личноста во Вашиот живот што најмногу придонела да дојдете до она што сте денес?

Моите родители и моите предци. Не би бил овде да не беа тие.

 

Fred+Kelemen+24th+European+Film+Awards+vRd6DkYu53wlКолку е силна врската меѓу Вас и подвижните слики?

Колку што е силна врската меѓу мене и отчукувањето на моето срце.

 

Што се пренесува преку кинематографијата?

Увид во животот и во човековото постоење во световите во кои живееме.

 

Опишете ја кинематографијата денес.

Невозможно е да го направам тоа без најпрвин да бидам категоричен, а тоа веднаш ќе биде погрешно. Но, главно, ние би го изгубиле светлото во филмската уметност со губење на филмскиот материјал, а со тоа би ги изгубиле темнината и сенките. Ја губиме димензијата. Како што рекол сликарот Сезан: „Сè исчезнува, така што, ако сè уште сакаме да направиме нешто, мора да побрзаме“.

 

Какво значење имаат за Вас познатите имиња со кои сте соработувале?

Познатите имиња воопшто не ми значат. Вистинската личност е тоа што е важно.

 

Кога би работеле на филм во Македонија, што би сакале да вметнете во него?

Богатата изгубена еврејска култура и живот што некогаш постоеле и што биле уништени со убиството на еврејскиот народ за време на холокаустот. Првата слика од мојот филм би била неколкуминутна движечка снимка од старите еврејски гробишта во Битола.

fred-kelemen-03

Зошто токму Македонија за светската премиера на Вашиот филм?

Поради мојата љубов кон фестивалот и кон сестрите Митевски.

 

Кои се Вашите идни проекти?

Да се надоградам самиот како човечко суштество и како уметник.

 

26 август 2013 година

Емилија Петреска

Напишано од
More from РЕПЕР
Хармониката како средство за пронаоѓање себеси
Филмот во кој изобилуваат музичките способности на овој уметник во себе содржи...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *