Хозе Емилио Пачеко

Избор поезија

рр1

ШТУРЦИТЕ
(Одбрана и илустрација на поезијата)

Забележав една алузија за штурците:
нивното свирење е бесцелно,
не им служи за ништо тоа што
си ги удираат крилјата едно од друго.
Но без загадочниот знак
што си го пренесуваат еден на друг
(за штурците)
ноќта не била ноќ.

ВОВЕД ВО ПСИХОАНАЛИЗАТА

Господин Сигмунд Фројд,
по напорно проучување,
го откри она што другиот го срочи во еден стих:
престапот е во тоа што сме се родиле.

ВЕЧНО МОРЕ

Да речеме дека морето нема почеток:
почнува онаму каде што го среќаваш првпат
и ти излегува в пресрет насекаде.

Напишано од
More from РЕПЕР
Најчестите јазични грешки во новинарските текстови (втор дел)
Во претходното издание на „Тамјс Њу Маседониан“ претставивме некои од најчестите јазични...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *