Тиранија на нормалното

Кој ја одредува мерката за тоа што е нормално? Просекот. Кај нас тоа е партискиот престол од каде што се „штанца“ космичката вистина и се следи секој потег, па дури и интимата.

Како да не се остане бројка во оваа земја на ужасно „стерилни статистики“? Нè сведуваат на цифри. Предност е да си во толпата, оти сè што е статистички мерливо ја добива истата бандерола – „нормален“. Да си дел од „нормалните“ стана престиж, па дури и национална гордост, претопена во некаква виртуелна колективна психологија. Меѓутоа, најголемите вистини никогаш не произлегле од толпата. Нив ги кријат општествените „маргиналци“.

ok

Кој ја одредува мерката за тоа што е нормално? Просекот. Кај нас тоа е партискиот престол од каде што се „штанца“ космичката вистина и се следи секој потег, па дури и интимата. Ако влезете во центрифугата, ве костимираат со конфекциски број и сте лишени од потребата да се промислува критички. Тогаш ги прифаќате интелектуалната музејска дисциплина и политичката номенклатура, бидејќи сите до еден како во касарна ритуално мора да прераскажуваат една вистина. Тоа е слепата национална митологија фундирана на автохтоност, на древно потекло и на колективна свест, која проголтала мноштво индивидуалци со фалц етикети, со симулакрум приказни и со безброј лаги.

[pullquote align=”right”]Нели нè убива оваа монотонија на нормални гестови?[/pullquote]

Потопени во политички невистини, ние сме неми свидетели на сопствената вистина. Ми навира онаа проклето отровна паралела со Боновата „психологија на толпата“, па се прашувам: нели нè убива оваа монотонија на нормални гестови? Граѓани на хартија. Ова општество не научи да води. Го научија да го водат за ланец. Тоа е таа ултимативна слобода – фанатички припиена за институции и за политика. Кога вистината се случува пред нашите очи, дозволуваме да ни кажат што ни се случило. Сè во државава има потреба од интерпретација. Она што ни се случува пред очите, друг ни толкува како да го гледаме.

Се прашувам: каде кондензира критиката од јавниот простор? Зошто се прифаќаат државните политики како индивидуални вистини и дали мислечките субјекти стануваат реткост? Зошто нечија среќа мора да зависи од милоста на другиот? Нормалноста е просек и затоа е подложна на статистика. Сè што е над неа е закана за редот. Не го поднесуваме Другиот, зашто неговата разлика ја разобличува вистината. Стануваме како прозаичниот Оскар Мацерат од Грасовиот „Ламаринен барабан“. Одбиваме да излеземе од инфантилната фаза на својот развој, а удираме на барабанот само за да правиме врева (за разлика од оној Оскар, кој со секој удар на барабанот спречува политичка акција).

Вистината кај нас е таdefine-normal-1бу бидејќи сме под силен политички анестетик. Одмолчивме доволно. Ќе молчиме и понатаму. Ќе бидеме револуционери на тастатура. И онака има инфлација на инстантни интелектуалци. Анализирајќи го ова бунило на свеста, се присетувам на сликата за имагинарниот санаториум „Бергхоф“ од Мановиот „Волшебен рид“. Томас Ман вели: „Овде човек ги менува поимите“. Една пациентка, Отилија Кнајфер, по закрепнувањето во санаториумот, одбива да се врати дома велејќи дека санаториумот ја прави да се чувствува среќна. Овој морален далтонизам нè прави немоќни. Затоа повеќе не нè тангираат човечки судбини и нема емпатија. Ова општество ја униформираше секоја мисла. Стравувам дека овој механизам на „индивидуална трансформација“ ќе потрае…

Напишано од
More from РЕПЕР
Женскиот субјект во турбофолк-културата
Делиќ одбира четири пејачки како репрезентативни примери за текстуална и изведбена анализа...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *