Десет правила за документарниот филм

0206-copy-3-580x600

Што воопшто значи „талентиран филмаџија“? Што значи за мене талентот? Ако си пејач, јасно е што значи талент. Треба да имаш добар глас, нели? Не е доволно да бидеш само добра личност. Јас сум добра личност, јас само сакам да го спасам светот. Имам евтина камера, ама никогаш не сум ја испробал. Немам добар објектив, но сакам да го спасам светот. Јас сум добра личност, зошто да не се занимавам со филм? Потоа ја земам камерата и тргнувам да снимам. И верувам дека го спасувам светот. Но за да бидеш пејач треба да поседуваш добар глас, нели? За да се занимаваш со филм треба да имаш добро око.

Виктор Косаковски

Виктор Косаковски (1961, Санкт Петербург) е руски режисер. Својата кариера ја започнал како асистент на камера, потоа работел како асистент на режија и како монтажер. Во поголемиот дел од своите документарни филмови Косаковски е и монтажер, и камерман, и режисер, и сценарист… Неговите документарци се добитници на бројни награди во Русија, но и во светот (на филмските фестивали во Амстердам, во Единбург, во Карлови Вари, во Тренто…) Автор е на вкупно осум документарци. На една работилница за правење докумантарни филмови Косаковски ги искажа своите уникатни гледишта за документарците во десет правила:

Десет правила за документарниот филм

  1. Не снимајте ако можете да живеете без снимање.
  2. Не снимајте ако сакате да кажете нешто: подобро кажете го тоа или напишете го. Снимајте само доколку сакате да покажете нешто или доколку сакате луѓето да видат нешто. Тоа с еоднесува и на филмо во целина и на секој поединечен кадар во филмот.
  3. Не снимајте ако веќе пред снимањето знаете која ќе биде пораката: тогаш бидете учител. Не се обидувајте да го спасите светот. Не се обидувајте да го промените светот. Подобро филмот нека ве промени вас. Откријте го светот снимајќи се себеси.
  4. Не снимајте нешто што мразите. Не снимајте нешто што сакате. Снимајте ако не сте сигурни дека нешто сакате или нешто мразите. Сомнежите се клучни за создавање уметност. Снимајте кога истовремено и сакате и мразите.
  5. Мозокот ви е потребен и пред и по снимањето, но не го користете за време на снимањето. Снимајте само со помош на инстинктот и интуицијата.
  6. Не се обидувајте да ги присилувате луѓето да ги повторуваат дејствијата или зборовите. Животот е неповторлив и непредвидлив. Чекајте, гледајте, чувствувајте и бидете подготвени да снимате на свој начин. Сетете се на тоа дека најдобрите филмови се неповторливи. Сетете се на тоа дека најдобрите филмови се засноваат на неповторливите сцени. Сетете се на тоа дека најдобрите сцени ги прикажуваат неповторливите моменти во животот и дека се снимени на неповторлив начин.
  7. Сцените се основа на филмот. Сетете се дека филмот настанал како една единствена сцена – документарна, патем кажано – и тоа без никаква приказна. Или дека приказната, едноставно, се наоѓа во самата сцена. Сцените првенствено мораат на гледачот да му пружат нови доживувања кои претходно не ги доживеал.
  8. Приказната е важна за документарниот филм, но перцепцијата е поважна. Првин размислете што ќе почувствува гледачот кога ќе ги гледа вашите сцени. Потоа изградете ја драматуршката структура на филмот преку промена на чувствата на гледачот.
  9. Документарнта форма е единствена уметност во која секој естетски елемент има етички аспекти, а секој етички аспект може естетски да се употреби. Обидете се да останете човек, посебно кога ги монтирате филмовите. Можеби добрите луѓе не би требало да снимаат документарци.
  10. Не ги следете моите правила. Пронајдете свои. Секогаш постои нешто што само вие можете да го снимите. Само вие и никој друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.