Тркни до зоолошка и види како изгледаме отстрана

Вистинскиот уметник мора да биде и критичар. Всушност, тоа се и луѓето кои најдобро знаат да зборуваат за состојбите во општеството.

431946_10201141213914010_834267348_n

Bernays Propaganda како гости на проектот наречен „Ако никој не свири“ на Канал 103 со свој мал виртуелен концерт во живо ја исполнија неделната вечер со одлична музика, ги растреперија срцата на своите фанови и ги размрдаа со живиот ритам.

Кратко, но квалитетно; минути исполнети со музика и кратки коментари од страна на вокалот Кристина Гаровска на тема: нивните текстови, животот, нашата култура и општеството.

Токму тие – одличните коментари кои имавме можност да ги слушнеме како најава на песните, кои оваа радио свирка ја направија уште поинтересна за слушателите – се доказ дека дека добриот уметник е комбинација од повеќе таленти собрани во една личност. Вистинскиот уметник мора да биде и критичар. Всушност, тоа се и луѓето кои најдобро знаат да зборуваат за состојбите во општеството. Сепак, за разлика од аналитичарите кои работат со бројки и статистики, уметникот располага со чувства и посебна умешност да пренесе порака на еден поинаков начин.

942686_10201141218634128_1175295577_n

„Отсвирена е 60 пати во 60 градови, но само овде има смисла, се чини. Нека ви послужи Робин Худ како симбол, паметни сте, сами ќе знаете зошто“, беше најавата на Погрешно знаме, прва на листата од песните на новиот албум Забранета планета.

Нè воведоа во Леб и игри со коментарите:

„Заборавете сè што ве научила оваа земја. Заборави на сите лекции кои си ги научил, книги што си ги прочитал, плочи што си ги преслушал и почни отпочеток, од себе си.“

„И покрај сè што сме научиле, главите ни се попразни од најснабдената самопослуга од времето на Југославија.“

„Тркни до зоолошка и види како изгледаме отстрана.“

988693_10201141212033963_2035419934_n

Во однос на нивните последни активности, Bernays Propaganda изминатиот период беа посветени на промоција на нивниот најнов албум Забранета планета кој беше издаден оваа година, во февруари, а содржи 9 извонредни песни, секоја посебна на свој начин, а сепак соодветно делче на сложувалката.

Како и секое претходно дело на бендот, албумот е збирка на остроумни текстови придружени со енергичен ритам кој допира до секој слушател на посебен начин и го размрдува.

Ако и вие сте подготвени за вакво размрдување на телото и духот, загрејте се, пуштете го водичот да ве води и уживајте малку на оваа Забранета планета.

Фотографии: Дона Џамбаска

Напишано од
More from РЕПЕР
Двобој
Неретко во меѓусебните дуели страдаат и оние околу нас.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *