Визуелна прошетка раскажана преку фотографии

Краткиот арт филм И фабриките имаат душа, режиран од Јане Алтипармаков и Наташа Гелева, всушност, е визуелна прошетка низ македонската фабрика „МакСтил“, раскажана преку фотографии.

fab

Краткиот арт филм И фабриките имаат душа, режиран од Јане Алтипармаков и Наташа Гелева, всушност, е визуелна прошетка низ македонската фабрика „МакСтил“, раскажана преку фотографии. Фабриката „МакСтил“ е само репрезент на идејата која стои зад филмот, а самата локација не е случајно избрана. За тоа можат да потврдат прекрасните фотографии од ентериерот на фабриката каде е опфатен голем дел од процесот на производство на челик.

Фабриката во овој филм, на свој специфичен начин, ја представува монистичката пантеистичка идеја на Барух Спиноза дека и материјалните објекти имаат одреден коефициент на духовна супстанца. Па така, филмот не само што нè подсетува на таа идеја (исто сугерирајки и преку насловот) туку нè воведува и во еден своевиден алхемиски процес кој ги користи и прераспределува ресурсите од природата.

Музиката за филмот е компонирана од Игор Василев (Новоградска). Се работи за модерна класика со меланхоличен призвук која со прогресивна динамика го следи процесот на калење на душата во фабриката. Имено, челикот кој треба да помине низ агрегатите за загревање, а потоа и низ средствата за ладење, може да се земе како метафора за состојбите на душата која треба да ги помине низ процесот на индивидуализација. Ефектите, кои ги има сработено Дарко Стефановски, дополнително ја актуелизираат идејата за зацврстување на душата, односно нејзиниото дејствување во синтетичкиот интелегибилен универзум.

Инаку, битно е да се спомене дека координатор на проектот е Јан Харлан, човекот кој има работено како извршен продуцент на неколку филма на Стенли Кјубрик: Бери Линдон, Полна воена опрема, Сјаење и Очи ширум затворени. Има работено и како асистент продуцент на Пеколен портокал од Кјубрик, како и на Вештачка интелегенција од Стивен Спилберг.

Напишано од
More from РЕПЕР
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *