Вешто прекршување на правилата

Во својот последен филм „Џанго“ Тарантино се поигрува со востановените холивудски филмски клишеа и вешто ги прекршува правилата.

django-unchained-2

Квентин Тарантино, кој се покажа како еден од најинвентивните холивудски режисери, оваа година после долго време повторно зеде Оскар. Оскарот му припадна за најдобро адаптирано сценарио, а претходниот пат го освои дури пред деветнаесет години за оригиналното сценарио за Евтини приказни. Сепак, оваа адаптација, која се темели врз неколку постари филмски класици, а не само врз филмовите кои се базирани на култниот лик Џанго, е доста спицифична и типично Тарантиновска. Слично како и во Неславни копилиња, овде се поигрува со востановените холивудски филмски клишеа и вешто ги прекршува правилата.

Џанго, кој го игра Џејми Фокс (Jamie Foxx) , овојпат е роб кој има за цел да ја најде неговата свршеница Бромхилда (Кери Вашингтон), која е одземена од други робовладетели. Тој на почетокот ќе биде ослободен од ловецот на глави Д-р. Кинг Шулц (Кристоф Валц), кој ќе му предложи да работат заедно. Шулц е во потрага по неколку одметници од законот, но бидејќи не знае како изгледаат, ќе побара помош од Џанго кој ги познава по лик, а притоа ќе се договорат да работат заедно како ортаци. Покрај потрагата по одметниците, Џанго ќе му раскаже за љубовта помеѓу него и Бромхилда, па така Шулц ќе се одлучи да му помогне да ја пронајдат неговата свршеница.

Нешто што паѓа на прв поглед во овој филм за Џанго е тоа што тој е црнец. Иако оваа практика досега била користена од холивудските студија за многу преработки на постари филмови, овојпат има поспецифичен карактер. Од четириесетте филмови кои се снимени за Џанго, токму во четириесеттиот филм, овој на Тарантино, Џанго е претставен како црн роб. Инаку за адаптираното сценарио за овој филм, покрај првиот филм Џанго (1966), Тарантино главно искористил материјали од Мандинго и Големата тишина. Токму во Мандинго се опфаќа и темата за робовладетелството во Америка во деветнаесеттиот век.

Вештината на Тарантино да направи синтеза од повеќе филмски класици, во корист на креирање на својличен дискурс, ја потврди и во овој филм. Џанго на Тарантино од една страна е омаж на шпагети вестернот, ги цитира Големата тишина и Џанго на Серџо Корбучи, но од друга страна е мрачен приказ на расната сегрегација во Америка во тоа време. Како постмодерен режисер Тарантино уште еднаш успешно го користи постарото филмско градиво за да конструира приказна која провоцира со својата директност.

Рецензијата е преземена од пријателскиот блог filmskasekcija.blogspot.com

Напишано од
More from РЕПЕР
Авторски поговор кон Месечината и огновите
Сите романи на Павезе кружат околу притаена тема, околу нешто некажано, кое...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *