Потопен во тага и во бурбон

Metastaza-(10)

Скопје, 2012.

ТЕАТАРОТ Е НАЈКРАТКОТО РАСТОЈАНИЕ ПОМЕЃУ ДВЕ ТОЧКИ

Писмо второ.

Почитуван Антун, пријателу незнаен, вчера се случи најнеочекуваното нешто. Ме избркаа од институцијата во која работев две години и во која сеев театар безрезервно. Местото во кое работевме е ЦОП (Центар за организирање приредби) во Скопје. Место што,најискрено, е заборавено од Господ и што не личи на ништо…

Меѓутоа, да бидам искрен, мене просториите каде што работам воопшто не ме интересира како изгледаат, важно ми е да има услови за работа, да се минува низ процесот и, конечно, да се изигра претстава на крајот од тој процес. Се разбира, понесен сум од книгата наПитер Брук, „Празен простор“, која, кога ја прочитав, доволно ме охрабри да не се вознемирувам за просторот во кој ќе работам на претставите.

Работев на претставата „Енигматични варијации“, според текстот на Ерик Емануел Шмит, на кој ти пишав дека ќе почнам да работам веднаш штом ќе се вратам од Вараждин. Не знам дали ти стигна писмото, бидејќи не ми стигна повратно писмо од тебе.

Јас, еве, по вторпат ти пишувам за кратко време.

Ме избркаа мене сосе целиот тим што работи во „Театарот од 2-иот кат“ од Центарот за организирање приредби. Во театарот сме четиринаесет луѓе. Наредено ни е да го напуштиме веднаш по премиерата на претставата. Причината – не сме ги тргнале столчињата каде што седела публиката (Столчињата се монтажни. Јас се обидов да објаснам дека за кревање и за раскревање секако е задолжена сценската техника, односно сценските работници, за што уредно земаатфинансиски месечен надоместок –плата) и не сме ги одлепиле тапетите што ги ставивме како сценографија на гипсениот картон во салата.

Меѓу редови, според мене, тапетите што не беа одлепени наликуваа на арт-квартот Бродвеј во Њујорк, а за да се заокружи атмосферата користевме и свинг-музика, поточно Fletcher Henderson, како кореспонденција и како корелација со сценографијата, за што многумина беа фасцинирани и им ја видов насмевката на лицето кога влегоа во просторот во кој решивме да ја поставиме „Метастаза“ (така ја нарековме подоцна „Енигматични варијации“).

Според многумина (по претставата наслушнав како разговараат меѓусебно), салата конечно и добила некаков изглед на арт-место во Скопје. Искрен да бидам, очекував претпоставените да ми кажат целата да ја направиме таква.

Меѓутоа, на некои од „интелектуалците / уметниците“ тоа најверојатно им пречеше!? Неверојатно е, но им пречеше; всушност,веројатно тие самопрогласени полуписмениквазиуметници во сивилото препознаваат уметност. Кој знае?Не сум ироничен, најискрено…

Metastaza (1)

Најголемиот удар за мене дојде со соопштението, кое ми беше испратено преку мобилен телефон по пат на кратка порака, дека целиот театар треба да ја напушти салата сосе сѐ или работите ќе сме си ги нашле исфрлени пред неа. Не можев да се помирам дека ваква работа ми беше соопштена по пат на порака преку мобилен телефон од директорката лично.

Се почувствував како да сме ние најдолното нешто што работи во таа сала, па дури и ќе ни ги исфрлат работите надвор. Страшно.

Тоа малку ме растажи. Вечерта, потопен во тага и во бурбон, седнав и напишав писмо со назнака – За интелектуалното движење на татковината (веројатно некаде постои такво движење, но ова писмо беше насочено кон квазиинтелектуалците, за кои гарантирам дека нема да се препознаат себеси во него).

Почитувани интелектуалци!

Естетиката не е политика и немојте од неа да правите политика, бидејќи по природен пат таа не спаѓа таму. Личниот интелектуализам во тие моменти ви се сведува на ништо. На интелектуалците што живеат во минатото со застарените успешни перја на грбот, најчесно би им предложил да ги чувствуваат ритамот и пулсот на времето и да ја развиваат сопствената арт-естетика во согласност со времето во кое живееме за да се развиваат самите себеси, единствено заради себе, заради никој друг.

Интелектуалецот / уметникот не навредува. Не бара виновни. Не се служи сo ниски удари. Тоа е спротивно на кодексот на етиката и на интелигенцијата воопшто во животот, а да не зборувам за уметноста.

Не заборавaјте – никој не може да ви ги земе мозокот и креативноста доколку навистина ја чувствувате убавината при создавањето уметност. Во моментот кога ќе почнете да барате виновни околу себе, првин погледнете се себеси во огледалото и прашајте се кое ви е нивото на интелектуализам?

По вторпат за брзо време се засрамувам од оние што треба да служат како пример меѓу нас. Тие во нас видоа проблем. Тажно е, зар не? Каде ли отидоа „интелектуалците“?

Бранимир Штулиќ рече: „Јас пишував за да бидете подобри, а вие се степавте меѓу себе, јас си одам одовде“.

Креативно сакатите станаа „меинстрим“ во општеството парализирано од уметност, во кое има изобилие од интелигенти креативци што молчејќи протестираат.

Ја наведнав главата читајќи ги титулите што сами си ги доделуваат полуписмените како фрустрација на сопствената вистина. Извинете, јас веќе не можам.

_______________

Сѐ се случи вака:

На 5 септември се вратив од Вараждин. Патот до Скопје помина вообичаено здодевно. Задоволен од сѐ што ни се случи таму,одам во театарот во кој работам, „Театаротод 2-иот кат“, за да започнам проби на текстот „Енигматични варијации“, според драмскиот текст на Ерик Емануел Шмит, на кој му дадов работен наслов „Метастаза“.

Пред мене се издигнува мошне сериозен процес.

Земам двајца актери, за кои сметам дека ќе бидат доволно умствено стабилни и силни да го понесат на грбот целиот овој процес на тешки актерски задачи и на сериозна амплитудна драматуршка линија, која нараснува со голема брзина „незабележливо“, а ние тоа треба да го спакуваме во еден вообичаен ритам за оваатешкапретстава да се доживее наједноставно.

Анализирав долго за евентуално нешто да не ми побегнало при анализата. Се осигурив. Подготвен сум да почнам. На 12 септември почнавме. На 1 ноември завршивме. Минавме низ прекрасен процес. Процес што ќе го паметам долго.

____________________

И тогаш, најнеочекувано, се случи – РЕЗ.

Metastaza (3)

…Кога бевме најсреќни, по успешната премиерна изведба на „Метастаза“, требаше да ја напуштиме зградата во која работиме, т.е. бевме избркани,поради глупост од неизмерливи размери.Столчињата и тапетите.

Експлодирав.

Па, добога, нели е тоа работа на сценските работници? Од мене ли очекувате да раскревам, и тоа завреме на коктелот по премиерата, каде што директорката воопшто не се ни појави како домаќин? Јас ќе раскренам, тоа воопшто не е проблем, но некој тука зема плата за тоа.

Три дена ја барав директорката, но не можев да ја најдам. Четвртиот ден, по премиерата на „Метастаза“, ја најдов. Разговаравме со цел да најдеме евентуален заеднички јазик, но таа беше категорична. Да си одиме оттука.

Ни го срушија сонот оние што насекаде јавно говорат дека театарот е сон. Парадокс, нели?
На еден речиси заборавен лист, напишав еден краток текст, кој ѝ го оставив на директорката на нејзината маса во канцеларијата додека ја чекав…

Напишав:

Потребна ли е интелигенцијата?

Несовесните радикално и со стегнати заби им ја посочуват совеста на обичните. Обичните, немајќи каде, со страв ја прифаќаат насоката за совеста од несовесните. Совесно прават грешка и се трудат да ја коригираат таа грешка. Одеднаш, таа „гребаница на оклопот“ или „совесна грешка“ кај обичните е во тоа што се казнети поради сопствената совест од несовесните од причина што биле (не)совесни.

Помислувам,парите немаат кауза. Глупавоста и дефинитивно е бесконечна…
Во меѓувреме, во овој (не)ограничен простор, се жигосуваме, си нанесуваме трајна болка. Заболуваат и други, поради болката на ближниот. Стануваме мрежно жигосани. Дефинитивно страдаме. И, на крајот, заминуваме. Готово. Крај.

Пред прагот на конечните порти, си поставуваме прашања: Зошто? Требаше ли? Вредеше ли?
Одеднаш, епилог: Траеше кратко. Ние се жигосавме и живеевме во горчина, во времето во кое требаше да се смееме и да се радуваме.Се насмевнуваме виновни и со солзи во очите. Жалосно, нели?

Некој мудар рече: „Човекот е единственото животно напланетата земја што се истребува себеси“. Тоа е трагичната потреба на малоумието на 21век, за жал.

Воздивнувам, со наведнати и со тажни очни капаци, си повторувам: „Парите немаат кауза, парите немаат кауза, парите немаат кауза…“

Директорката дојде, но не ни забележа што има на нејзината маса. Подоцна веројатно во тоа видела само лист хартија што треба да заврши во корпата за отпадоци…

Веднаш го стави прекинот на договорот меѓу двете страни на масата и ми порача да заминам.
Почувствував дека одлуката е веќе донесена, можеби и предпремиерната изведба на „Метастаза“.
Потпишав. Таа не ме ни погледна во очи додека потпишував. Во следните неколку секунди ја гледав во очи, но таа го избегнуваше мојот поглед.

Се облеков. Ја напуштив нејзината канцеларија тажен, носпокоен.

Metastaza (9)

Не верувам дека директорката самата ја донесе оваа одлука. Верувам дека некој ѝ наметна да нѐ избрка, таа е само жртваташто беше предодредена да ја пренесе пораката. Дури се обидов и да ѝ објаснам дека ја разбирам, но таа не сакаше да ме погледне во очи. Видов дека е категорична при ставот. Видов дека и да сака, не може или не смее да се „премисли“. Оставив да остане така како што изгледа дека е.

Заминав од канцеларијата во која веќе не бев посакуван гостин. Додека се симнував по скалите, низ главата ми минаа сите споменишто ме поврзуваа со оваа сала. Стоев меѓу катовите и помислив на сите претстави што ги направивме тука, некои и во нездрави услови, на температури и петнаесет степени под нулата. Ние бевме жртвите на уметноста и театарските фанатици.

Дури создадовме и репертоар.

Се симнав на сцената и застанав на средината. Со топлина и со тежина во душата и со очи полни солзи, гледав околу себе. Солзите течеа како од чешма пуштени, говореше мојата душа, без глас, со вода. Сцената, како да ми е мајка, сакаше да ме успокои кога седнав на неа. Си спомнував,тука ги направивме„ММЕ кој прв почна“, „Галеб“ од А.П. Чехов, „Ромео и Јулија“ во comedia dell arte, „Хотелски приказни“, „Метастаза“…Тука ги оставивме своите души во обуката по актерско мајсторство за оние што дојдоа и што веруваа во идејата за создавање на театарската продукција, „Театаротод 2-иот кат“. Тука „се кумуваше“ и името на театарот, бидејќи работевме на вториот кат… Си помислив: „Ех, кога би можела оваа сцена да проговори, веројатно само ние – јас, Пале, Миро, Звонко, двете Еми и уште некои на прсти изброени – би останале тука засекогаш“. Станав. Појдов да се поздравам со сите. Испивме по едно кафе и си посакавме сѐ најубаво.

Заминав со неверување зошто заминувам.

Нејсе, набргу ги собрав сите вработени во театарот да им соопштам дека ќе мораме да заминеме. Ќе се потрудиме да најдеме нов простор за многу брзо време. Ги најдов во еден затворен придушен простор, стан на една зграда. Просторијата беше задимена, сите играа како во еден ист ритам и беа насмеани, од радиоприемникот свиреше Jockey Full Of Bourbon – Tom Waits. Ми пријде еден од моите другари, ми подаде чаша полна со бурбон, ме седна на столчето.

„Знаеме сѐ. Веднаш штом си заминал, директорката се упатила во другото крило од ЦОП да им соопшти на оние за кои се сомневавме дека ни ја наместиле оваа гнасотија. Со радост им ја соопштила веста дека Театаротод 2-иоткат веќе не егзистира тука“. Сосем случајно таму се нашла една наша соработничка, денес колешкашто работи со нас.

Јас знаев дека се работи за нешто вакво. Дека некој, всушност знам точно кој, ни ја наместил целата оваа гнасотија.И повторно помислив, потребна ли е интелигенцијата?

По кратко барање,„Театарот од 2-иот кат“ се смести во строгиот центар на градот Скопје, во Воениот дом, во одлични услови. Услови какви што само може да посака секоја театарска трупа. Иронијата да е поголема, на првата изведба на претставата „Хотелски приказни“ дојдоа петстотини луѓе. Игла немаше каде да падне. Ова дојде како одговор на она што ни го наместија полуписмените.

Додека ја гледав публиката, која уживаше во претставата, си помислив: „Колку и да му даваш пари на полуписмениот човек, кога не вреди и кога не знае – не вреди и не знае, бадијала е сѐ. Парите немаат кауза“.

…Извини што доцнам со реакцијава, но сакам да ти пишам дека добив идеја за текстот што ми го напиша во возот, „Глад“. Наскоро патувам за Сплит, од таму ќе ти пишам сѐ во врска со мојата идеја за она што ти сакаше да го преточиме во заедничка соработка.

Само да ти напоменам. Ќе симболизирам со волкот како суштество што гладува, а може да ја задоволува сопствената глад кога другите воопшто не можат и да помислат на тоа. Го нареков„Волк“ според митот за Црвенкапа, со тоа што целата приказна ќе биде сместена во денешно време, во метропола, и ќе биде погледната од очите на Волкот.Мислам дека имам добра идеја, ти што мислиш?

До скоро,
Војо.

Сите фотографии се од претставата „Метастаза“

Leave a Reply

Your email address will not be published.