Ѕирнете во нашето минато

RETRO_13_Noemvri.jpg.scaled.1000

Весник „13 Ноември“, страница бр. 13

Блогот „РетроМК“ е еден од оние блогови кои се посетуваат не само со задоволство, туку и со одредена доза на љубопитство поради прашањето – на какво изненадување ќе наидеме овојпат. Тоа е, всушност, место на кое ќе најдете фотографии од нашето минато, односно минатото на нашата држава, сведоштва за едно време кое одамна изминало и кое зад себе ги оставило спомените и – по некоја замрзната слика како сувенир.

Под секоја фотографија вие ќе наидете на кратко објаснување што прикажува таа, која година е снимена. На блогот ќе најдете стари фотографии и реклами, стари производи и возила, стари весници и списанија, стари логоа на познати македонски претпријатија… Блогот функционира на принципот дека секој може да испрати фотографија од стар предмет, производ, разгледница итн. и на тој начин да учествува во создавањето на мозаикот од нашето минато. А – како што ќе се уверите и самите кога ќе го посетите – овој мозаик е огромен, и она што го гледаме се само неговите крајчиња, мали делчиња од една многу поголема и поопширна слика.

menada2.png.scaled895

Логото на култниот локал од 1980-1990 – „Менада“.

Овде можете да видите само мал избор од она што ви се нуди на Ретро.МК. Не се мислете многу, кликнете на линкот и истражувајте го скриеното богатство, ѕирнете во едно друго време со други правила и други радости…  retromk.posterous.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.