Поети

Во еден дрвен долап / претворен во сеф / наместо азно / чувам книги / и старата икона / од дедо ми – / бледа и исчадена / од молитви и молби / упатени кон Бога.

kp1

Поети

Во еден дрвен долап
претворен во сеф,
наместо азно,
чувам книги
и старата икона
од дедо ми –
бледа и исчадена
од молитви и молби
упатени кон Бога.

Ништо
ниту завршува
ниту почнува сега:
додека сум жив,
Он е тука,
на иконата
и книгите
како седржители
на мојата душа.

Додека е Он
макар и на икона,
јас сум жив
и смртта ја нема,
а кога ќе дојде таа,
мене ќе ме нема –
сејач на ова поле
што сеел во книгите
стих до стих…

Ќе ме нема како Пушкин
во Русија што го нема,
ќе ме нема
како Лорка
во Шпанија што го нема,
но посмртно ќе ме има
како нив што ги има
во некоја песна,
која светот сѐ уште ја памти !

Пред да умре Пушкин,
низ воздишка шепнал:
„Сврши животот!“…
Гете, пак,
светлина побарал,
та во мрачниот тунел,
итајќи кон смртта,
како стих да рецитира викнал:
„Сврши животот!“…

И кои сме ние
пред смртта и во смртта
што градиме од стихови
кули вавилонски,
кои сме ние,
скитници во бесконечноста,
отаде пеколот,
отаде рајот –
во вечноста славни?

Поети
и ништо друго!
Смрт и слава
истовремено,
зрно мудрост
фрлено во вселената,
некој што ќе нѐ помни
како јас во потрага по височините
Есенин што го помнам!

20 март 2013

 

Панде Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Работи во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола. Член е на ДПМ од 1989 година.

Слика: Илија Пенушлиски

Тагови од објавата
, ,
Напишано од
More from РЕПЕР
Ноќ во градот
Еден краток, но одличен стрип за оние работи кои ги измачуваат жителите...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *