Број 122-123

Остров

By

Негови се: мрежата, чамецот, рибите, говорите, тагата и бесот, талкањето по островот. Нејзини се: готвењето, чистењето, цвеќињата, кокошките, клавирот за кој сонува, трпението и тивкото сеќавање. Тој ги мрази своите риби, и вели: Утре ќе јадеме кокошка за ручек. Таа е поразумна, вели: Поарно риба.

Записи од корона-окупацијата

By

Мало ѓезве, таман за едно кафе, имаше обичај да каже дедо ми Санде, кога наутро, од крајот на мај па до почетокот на октомври, со послужавник ќе ги донесеше на терасата филџанот и ѓезвенцето со штотуку зовриеното кафе. Филџанот беше од оние старинските, порцелански со извиена, грацилна дршка и со насликан мотив на рози и ист таков на тацната.

Кон „Врба“ на Милчо Манчевски

By

Обидите да се прогони злото и неротката да роди се гледаат во верувањето да се прават одредени магиски обредни ритуали. Интересен е фактот на испреплетување на паганските обичаи со христијанското верување. Во еден момент Донка се моли пред иконата од Богородица, а веќе во друга сцена таа и Милан врзуваат конци и го гребат каменот во чии магиски моќи се верувало, а и сè уште има луѓе кои веруваат.

Кон Сеќавања на Конески: Спомен-куќата во Небрегово во 2005 година

By

Во повеќето свои лирски и прозни записи, Конески на нему својствен начин, го овековечува своето родно место, опевајќи или опишувајќи настани, објекти и личности од неговото милје и на тој начин го сместува во поновата јавна и книжевна историја на нашиот народ.

Децата на Волга

By

Секое утро, уште при светлината од ѕвездите, Бах се будеше и, лежејќи под јорганот наполнет со гускини пердуви, го слушаше светот. Го смируваа тивките и нескладни звуци на туѓиот живот што течеше некаде околу него и над него.

Од орнаментализам до супрематизам: апстрахирање

By

Умот и уметникот првично произволно се изразуваат со слики и фигури, но потоа, кога се обидуваат да ја подражавaат/имитираат стварноста и нејзиното разнолико богатство, имаат потреба да најдат правила во целата таа разноликост и хаотичност и наместо просто подражавање се обидуваат да ни прикаже промислена стварност или да најдат ред во стварноста и природата.

Кон „Гробница за Борис Давидовиќ“ од Данило Киш

By

Расказите проткајуваат заеднички модел на нарација: нараторот е резервиран за почетокот и средината на расказот, за на крајот книжевната нарација да биде поставена како историска подлога, поткрепена од извештаи и документација
и еден вид пост фестум за животот на ликовите.