Скопје, година IV, број 15, Октомври 2011-Април 2012, 2012
 
Насловна
Мисија
Издавач
Изданија
Импресум
Архива
Контакт
 
за изострен ум
Книга
Некнижевните уметности како интертекстуална форма
 
Прикажани се големите монтирани и брутални судски насилства од страна на инквизицијата кои се потпирале на стравични лаги што е најстарашно обвинети од сопствените мажи дека нивните жени се вештици од страв да не се посрамотат во креветот (познатата импотентио ex maleficio).
Наташа Ракиџиев
Кон романот Вештица од Венко Андоновски
„Во Европа од X до XVIII век изгорени се на клада меѓу четвртина и половина милион жени под обвинеине дека се вештици и дека склучиле сојуз со ѓаволот , односно дека комуницирале сексуално со негo. Најчести тужители се сопрузите на тие жени.....“
Венко Андоновски, Вештица

Модерните и постмодерните движења на романот по својата наративнoст и брзото менување на секвенците, вметнувањата и внатрешна дијалогичност на зборовите се разликува од традиционалниот клaсичен роман. Како целина, романот е многустилска говорно разнолика повеќегласна појава, вели Бахтин. Говорот на авторот, говорот на другите раскажувачи, вметнатите жанрови, говорот на јунакот-тоа се само основни композициски единства со чија помош говорната разноликост се внесува во романот. Бахтин, О роману (стр. 15-16).Таа посебна врска и корелација помеѓу исказот и јазикот, тоа движење на темите по јазиците и говорите, разбивањето во струја и капка на општествена говорна разнолкикост и дијалогизaција – тоа е основна одлика на стилистиката на романот. Западноевропската и американската книжевна теорија и поетиката од 60-тите и 70-тите години на 20 век имаа потреба од дијалог со историјата, од дијалог со другиот (текст, автор, читател) , од излез од тесните структурално-лингвистички рамки во толкувањето на книжевните феномени, а токму сето тоа беше антиципирано во теријата на Михаил Бахтин, се разбира со една инаква терминолигија. Кај Бахтин се појавува дијалошката концепција од која што е инспирирана Јулија Крстева.
(...)
Романот Вештица (В.Андоновски) го отсликува стравичниот пекол на инквизицијата во период од 1633 година. Прикажани се големите монтирани и брутални судски насилства од страна на инквизицијата кои се потпирале на стравични лаги што е најстарашно обвинети од сопствените мажи дека нивните жени се вештици од страв да не се посрамотат во креветот (познатата импотентио ex maleficio).
Неговата полифонија и неговиот наративен дискурс, неговите детекциски вештини со голема доза на лиричност од една средновековна приказна не пренесува во еден паралелен свет на настани во едно минато и едно сегашно време. Сплетот раскази преку вештиот дијалог на авторот низ еден наративен есеистички тон нè пренесува низ вековната љубов каде што се пренесува во сегашно време. Овој роман со својата полифонија е дијалогичаен до самиот крај (како што би рекол Бахтин во О роману, тука сите структури во романот се во дијалошки односи т.е, се спротиставени.
Главните носители на романот се папа Бенџамин и Црвенокосата Јохана која од харемот на Џеладин бег во Струга ќе ја откупи трговецот Флоријан Грацијаниќ и откако ќе се пресели во Загреб сосема ќе ја запостави. Паралелно на ова, авторот нè запознава со својата црвенокоса девојка Јована каде што се одвива и современата љубовна приказна на Црвенокосата од скопското кафуле „Лондон“ и писателот-интелектуалецот. Овој роман можеби е најочигледен пример за интертекстуалност или по својата класификација на Дубравка Толиќ Ораиќ може да се нараече и своевиден вистински цитат. Ова е „роман во роман“ . Затоа и писателот нагласува дека ова е „роман во сирова состојба“ или „тетратка на еден писател“. Тука постои игра на спротиставувања „реално/условно“ и како што вели Лотман тоа е својствено за секоја ситуација „текст во текст“. Таа двојна кодираност на определни единици во текстот која се изедначува со уметничката условеност, води кон тоа основното пространство во текстот да се восприема како „реално“.
Низ сплетот на приказните животот на главните јунаци се пренесува и во една друга форма каде што самиот автор дава инструкции за учество на читателот во пишување на романот.

„Ете гледаш читателу читателке толку труд за ништо. А и тебе ти попречив. Повторно те прекинав. Но, не брзај сакам уште нешто да ти кажам, кога веќе ти го попречив ‘задоволството’ да ги слушаш оние ‘гадости за жените’..(38)

Или, пак, со вметнување цитати од писмени интернет пораки, објавување на цели писма, па сè до објавувањето на неговите детективски раскази.

E-mail примен на 18 мај 2005 година, 1:15 ам
То:carlihit@yahoo.com
From:urednik@novamak.com.mk

„Не можам да сфатам зошто инсистираше да ви се објави крими-приказни под псеведноми. Велите дека не сте непознат писател, но дека сте во финансиска криза. А што има срамно во тоа да се објавуваат крими приказни под сопствено име?“ (37)

Интертекстуалната врска на овој роман е романот Вештица на Жил Мишле каде што се наметнува уште на самиот почеток со употребата на истиот наслов. Употребена е како наслов и кај Андоновски и кај Мишле и се однесува на главниот лик „жената“-Вештица. Вештица на Андоновски е роман полн со сочувства и уште една книга за жената. Во Вештица и двата автори и се навраќаат на историјата користејќи судски записи но субјектот на таа историја не е повеќе позната жена, историска личност туку пред сè анонимна вештица која се крие по горите, долините за да се предаде на својата чисто женска вокација на утешителка, а подоцна да биде заборавена искушителка во архивите низ градовите. (Романот Вештица на Мишле е роман кој е објавен 1862 година. Историчар која што историската објективност за него била лажен проблем. Пред крајот на својот живот Мишле изјавил дека се изморил бидејќи премногу пиел од „крвта на мртвите.“ Таков историчски „вампир“секако многу поблизок бил до романтичарски писател отколку до позитивистички научник .Но тоа што го изгубила науката го добила книжевноста).
Историјата на книжевсноста е во функција на повесноста на самиот живот. Доколку човекот со севкупноста е историско суштество, оваа согледба, се разбира не се однесува само на животот туку и на духот. Според Дилтај двојната историчност се темели врз сеќавањето.
За животот сеќавањето создава копија на оној временски тек преку кој тоа станува препознатливо во сопствениот контекст, односно во редоследот на своите стадиуми; за духот, пак би можело да се каже дека е исполнет со сеќавањето на целиот човечки род кој живее во него во абривијатури (кратенки, з.п). стр.169 Клаус Улих, (Теорија на интертекстуалноста–Хрестоматии).

(...)
Ако светот го сфатиме како глобален текст тогаш романот Вештица на Венко Андоновски е своевиден цитат во тој свет. Со целата негова дијалогичност и хронотопска разиграност, романот Вештица претставува еден микрокосмос на говорната разнолкост О роману, Бахтин (177). Тука на свој начин се среќаваат и се преплетуваат просторните и временски различни човекови судбини и животи, тука на свој начин стануваат посложени конкретизирајќи се во општествена дистанца. Во овој глобален свет живеат многу мали светови кои постојано се наоѓаат во еден нераскинлив дијалогичен однос до самиот крај. Потрагата по љубовта, вистината, правдата, припадноста, идентитетот се безброј интертектстови или своевидни вистински цитати на еден пред-текст, текст-подлошка, а тоа е светот во кој што живееме и ја градиме нашата свест, нашата иднина, нашиот живот. Доказ на безусловната љубов и потрагата по вистина е токму овој роман. Често повторуваната синтагма, „лагата станува вистина, а вистината лага“, на крај го руши концептот на двојна лажна спротиставенсот и доказот е тука. Лагата сепак е лага, а вистината е вистина. Но затоа секако дека се потребни жртви. Папата Бенџамин во мигот на судниот час, кога неговата блажена Јохана е однесена да гори жива на клада ја разоткрива јавно својата љубов кон неа и кон светот-кон останатите, кон другите. Знаејќи дека неговата порака нема да стигне на време кај папата во Ватикан, тој се жртвува и зема од огнот на нејзините пламени усни се стрчува кон инквизиторт и го прегрнува со своите пламени јазици. Правдата на некој начин на момент е „задоволена.“
Во неговиот паралелен свет разоткриен е мистичниот заводник „маскираниот Зоро“ и конечно го симнува превезот и и се открива на неговата љубов, Јована. Страстите се задоволени, читателската публика ги доби своите очекувања.
Мишлеовата Вештица доживува слична судбина. 21-годишната Каџерова треба да го заврши својот непочнат живот така што нејзиното тело ќе биде распарчено, а остатоците запалени. Но што точно се случило со неа никој не знае. Мишле го завршува својот роман со реченицата „иако имала само 21 година кога ѝ е изречена пресудата и отсекогаш изразувала надеж дека нема да живее долго, можеме само да поскаме дека Бог и ја послушал таа желба“
Ова е роман на жената и за жената и Вештица на Мишле и Вештица на Венко, се романи напишани од мажи за жената.
Полифоничен и дијалогичен до самиот крај, самата реч се раѓа во дијалогот и како што вели Бахтин во како жива реплика се обликува во дијалошкото заемно дејство со туѓата реч и предметот. О роману, (стр.35). Конципирањето на сопствениот предмет од страна на речта е дијалогично,но со тоа не се исцрпува внатрешната дијалогичност на речта.
Андоновски, со својата наративна вештина, токму во овој роман го покажа она што го вели и Бахтин дека сите облици кои го воведуваат раскажувачот или условниот автор во извесен степен сведочат за авторовото ослбодување од еден единствен јазик, поврзан со релативизацијата на книжевно-јазични системи значат можност во јазичен поглед. Тој лично не ги определува своите интенции да ги пренесува од еден јазичен систем во друг, да ги сврзува-спојува „јазикот на вистината“ со „јазикот на секојдневието“, да кажува свое на туѓ јазик и на својот јазик туѓото. О роману (стр.74).



Библиографија:

1. Андоновски Венко, Вештица ,Скопје, Култура,2007 година
2.Бахтин Михаил ,О роману, Београд, Нолит,1989 година
3.Бахтин Михаил, Поетиката на Достоевски, Београд, Слово, 2000 година
4.Гаџова Славица, 2008 Пергамент и папирус, Мираж. Електронско списание за компаративна книжевност. Достапно на: http://www.mirage.com.mk
5.Мишле Жил, Вештица,Београд, Култура, 1986 година
6. Толиќ Ораиќ Дубравка, Теорија Цитатности, Загреб,Графички завод хрватске,1990 година
7.Ќулавкова Катица, Хрестоматии-Теорија на Интертекстуалноста, Скопје, Култура,2003 година
8. Ќулавкова Катица, Мала Книжевна теорија,Скопје, Три,2000 година
9.Ќулавкова Катица, Хрестоматии- Херменевтика и поетика, Скопје, Култура, 2003 година


_________________
Наташа Ракиџиев (Струга, 1972) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Магистрант е по насоката Наука за книжевност, група Општа и компаративна книжевност на истиот факултет.
 
Ана Андроска, Музика, масло на медијапан (2008), во Чифте амам од 17.05 до 02.06.2012.
   
Antolog © 2011, Сите права се задржани