Скопје, година IV, број 15, Октомври 2011-Април 2012, 2012
 
Насловна
Мисија
Издавач
Изданија
Импресум
Архива
Контакт
 
за изострен ум
 
АНТОЛОГ е издавач од Македонија основан во 1999 година во Скопје од страна на Александар Кујунџиски.
 
АНТОЛОГ е ориентиран исклучиво кон корпусите од националната и интернационалната продукција, чии вредности го минуваат филтерот на времето и историјата, затоа внимателно и трпеливо ги избира своите издавачки потфати.
 
На почетокот, под лејбелот главно се објавуваат авторските книги на трите генерации автори од семејството Кујунџиски, но подоцна дејноста се отвора кон секое убаво издание за деца и возрасни, од помалку или повеќе познати автори, од Македонија и од светот. Преку своите четиринаесет едиции: Вестибул, Бранови, Бесмртни мисли, Смевотека, Дамар, Моите први книги, Синчец, Цреша, Целулоид, А, Библиотека за деца, Скрши нога, Мозаик и Огнови, АНТОЛОГ продолжува да ги прави своите пркосни/пирејни чекори во сферата на книжевното издаваштво во Република Македонија, грижејќи се тврдоглаво за квалитетот пред квантитетот и меркатилноста.
 
Носечки проекти:
 
1). Антологии: Антологија на народни поговорки, пословици, сентенции и изреки од целиот свет; Антологија на изреки, афоризми, крилатици, максими, мудри, поучни и духовити мисли од познати и непознати личности од светот; Антологија на изреки, афоризми, максими, мудри, поучни и духовити мисли од Македонија и Антологија на најубавите љубовни писма се досега реализираните проекти; Истражувачко-собирачка дејност.
 
2). Сакам книга од Александар Кујунџиски на сите јазици на етничките групи кои живеат на тлото на Република Македонија; Досега, објавена на: македонски, албански, српски, турски, ромски, влашки, босански/бошњачки, словенечки, хрватски, германски и црногорски јазик. Преводна дејност.
 
3). За изострен ум; Преку едицијата „Бранови“ и e-zine-от „Репер“ - залагање за високи естетски мерила и креирање релевантен и независен критички вкус и дух во сферата на уметноста и вештината на животот кај сите генерации.
 
4). Откривање и промовирање млади автори и автори-дебитанти; Сфера во која провејува бескритериумство и жабурнаштво. Со бледнеење или целосно губење на сценитe како „Студентски збор“, „Млад борец“, „Книжевна младина“, литературни кружоци, недостига простор каде ќе се обединат под еден креативен покрив вредните млади активисти, како дел од „Млади гласни гласови“.
АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, Писател за деца и возрасни, хуморист и сатиричар. Роден е во Пехчево на 1 октомври 1946 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Живеел во Пехчево, Штип, Берово, Куманово и Скопје, а работел како хуморист во Радио Скопје, како новинар во Редакцијата за емисии за деца во истиот медиум и како уредник на списанието „Ловец“.
 
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1987 година.
 
Од 1990 година е самостоен уметник, а од 1999 година е регистриран како самостоен уметник-писател и издавач, АНТОЛОГ.
 
Македонски писател со најмногу „стаж“ како самостоен уметник!
 
Македонски писател со рекорден број книги издадени во текот на една календарска година. Дури 17 наслови во 1994 година!
 
Посветувајќи се исклучително на литературното творештво и создавајќи дела од сите литературни родови и видови, за сите возрасти сегашни, идни и бивши читатели, Александар Кујунџиски е еден од ретките македонски писатели кој досега објавил 104 книги!
 
1. Осилки (1978)
2. За сe' и сешто и за друго нешто (1978)
3. Немирен ден (1979)
4. Љубов... оф, оф! (1980)
5. Капка по капка - океан (1980)
6. Во ливадите на детството (1981)
7. Мотошишарка (1982)
8. Другарувања (1983)
9. Солитерски сказни (1985)
10. Тој е патот, друг нема (1986)
11. Жарко Попарко (1986)
12. Од една до сто и една (1988)
13. Строго дов. (1990)
14. Сцени без завеси (1991)
15. Прободено слце (1991)
16. Пијано виножито (1991)
17. За во скришното џепче (1992)
18. Ја сакаш ли природата? (1992)
19. Гатанки - катанки - 1 (1993)
20. Азбукарка (1993)
21. Цветови - светови (1993)
22. Сказна за Тумбија (1994)
23. Трнливи стихови (1994)
24. Џуџести џинови (1994)
25. Нека патува добрината (1994)
26. Збор како бор (1994)
27. Предгорје (1994)
28. Жарко Планинарко (1994)
29. Кажи, па ќе ти кажам (1994)
30. Одберете за вашите приредби (1994)
31. Деветнаесет црвени каранфили (1994)
32. Гатанки - катанки - 1 (II, надополнето издание, 1994)
33. Театарче „Клопотарче“ (1994)
34. И гатанки, и боенки (1994)
35. Есен (1994)
36. Зима (1994)
37. Пролет (1994)
38. Лето (1994)
39. За најмалите - најубавите (1995)
40. Чекор по чекор (1995)
41. Повели, детенце! (1995)
42. Зоштковци (1995)
43. Ѕвончето ѕвони (1995)
44. Кралот Ал Со Крпен Шал (1995)
45. Лозинки (1995)
46. Џунгла в соба (1995)
47. Од септември до септември (1995)
48. Денес - забаваче... (1995)
49. ...Утре - прваче (1995)
50. На тема, на тема... (1996)
51. Денес празнуваме (1996)
52. Смешна книга (1996)
53. Вреќна Нова година (1996)
54. Нема што нема (1996)
55. Време за зреење и за пеење... (1996)
56. ...Време за цветање и за летање (1996)
57. За вас, деца! (1996)
58. Од Сметонија до Бонбонија (1997)
59. Гатанки - катанки - 2 (1997)
60. Растеме, растеме... (1997)
61. Добра ноќ, дену! (1997)
62. Загатки и одгатки (1997)
63. Ја сакам природата (1997)
64. Триесет и три итрини (1997)
65. Среќно забавачиња... (1997)
66 ...Идни првачиња (1997)
67. Кој ќе ми чита? (1997)
68. Детство - волшепство (1997)
69. Прваче (1997)
70. Вреќна Нова година (II, изменето издание, 1997)
71. Во царството на другарството (1998)
72. 1001 гатанка (1998)
73. Чудни чуденки (1999)
74. Зборовно оро (1999)
75. Чисти артисти (2000)
76. Учам, учам, да научам... (2000)
77. Природо, љубов моја! (2000)
78. Гатанки (2002)
79. Едночинки (2002)
80. Надојдени реки (2002)
81. Басни (2003)
82. Боли глава - без демократија и детски права (2003)
83. Мои бои (2004)
84. Букви, укви, кви... (2004)
85. Броеви - роеви (2004)
86. Одлична единица (2005)
87. Новогодишна честитка (2005)
88. Сакам книга (2006)
89. Нова планета (2006)
90. Сцени и сценарија (2006)
91. Распеани песни (2006)
92. Еколошки сказни (2006)
93. Разбој - разнобој (2006)
94. Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо (2006)
95. Весело летување (2007)
96. Шах-мат торта (2007)
97. Моите (не)напишани романи (2007)
98. Спомен среде срце (2007)
99. И од пиле млеко (2007)
100. 100 (2008)
101. Нека ечат песни (2008)
102. Расцветани сказни (2009)
103. Јас - Дедо Мраз (2009)
104. ХА И КУ (2010)
105. Гнездо од бетон
106. Зборчиња-изворчиња
   
Antolog © 2011, Сите права се задржани