
Кон „Врба“ на Милчо Манчевски
Обидите да се прогони злото и неротката да роди се гледаат во верувањето да се прават одредени магиски обредни ритуали. Интересен е фактот на испреплетување на паганските обичаи со христијанското верување. Во еден момент Донка се моли пред иконата од Богородица, а веќе во друга сцена таа и Милан врзуваат конци и го гребат каменот во чии магиски моќи се верувало, а и сè уште има луѓе кои веруваат.