
Приказната за Поликсена – приказна за секое дете кое сака да биде добро, ама не знае како
Имено како и во самиот Пинокио (куклата со сите човечки мани), па и кај непослушниот син Силјан, така и во Поликсена откриваме особини својствени за секое дете кое сака да биде добро, ама не знае како, кое како кревко и недоследно суштество дозволува да го привлечат забранетите нешта, кое се лути кога е скарано и се радува кога е пофалено, кое е љубопитно но и тврдоглаво во некои свои замисли и намери.