Томислав Османли (Битола, 1956) е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.
Автор е на три романи преведени и во странство. Неговите книжевни творби се преведени на: англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски... како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи.
Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број екс-југословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата “Идеје” (Белград), “Разгледи”, "Културен живот", "Театарски гласник" и "Macedonian PEN review".
Бил претседател на Филмската младина на Македонија, претседател на Советот на Младиот отворен театар, член на Советот на Републичкиот секретаријат за Образование, наука и култура, член на Комисијата за културни односи со странство и на други општествени тела.
Два пати е именуван за Претседател на УО на "Кинотеката на Македонија"
Бил избран за член на Ротари клубот Скопје во вокацијата “писател и новинар”; а за потпретседател на Клубот за периодот 2002-2003.
Се прпелкаш по песокот, еден занес, еден здив, едно тело. Измачено од зрнцата што се збодинаат по топлите стемнети кожи послани по песокта. Ја чувствуваш топлината впиена од сонцето на одамна одминатиот ден. Просторот губи димензии.